Published: Wednesday, September 18, 2013 19:58
СДСМ ги демантираше обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, односно на министерот Тодоров кои се однесуваат на тендер на братот на лидерот на СДСМ. Шилегов на прес-конференција појасни дека се работи за добиен тендер на фирма во 2011 година, кога братот на Заев воопшто не работел:
-За тендерот за кој што зборуваат доделен е на фирмата САРА ЈАВОР ИНЖЕНЕРИНГ, во 2011 година. Господинот Вице Заев, брат на претседателот Зоран Заев, станува сосопственик во фирмата САРА ИНЖЕНЕРИНГ јули, оваа година. Значи зборуваме за тендер што е доделен пред 2 години, кога совршено е јавно дека немало допирни точки на фирмата со семејството Заеви, соопшти Шилегов.




