Социјалдемократите по 10 месеци денеска се враќаат во парламентот на седница за пратенички прашања, првпат по собраниските инциденти од 24 декември. Партискиот генерален секретар Оливер Спасовски, ќе биде првиот на листата од СДСМ што ќе ја праша Владата.
Списокот кој ќе прашува од пратеничката група, му е доставен на спикерот Вељановски писмено бидејќи опозициските пратенички групи не се појавија и на вчерашната координација на која се договараше редоследот на пратеници кои ќе ги прашуваат.
Опозициските пратенички групи, се уште не присуствуваат на редовните понеделнички координации со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Тоа, според нив, ќе се случи дури откако партиите ќе се усогласат за точките што произлегуваат од заклучоците и препораките на ад хок Комисијата за 24 декември, на што работи Работната група.




