Published: Thursday, September 19, 2013 10:30
Силна детонација во Гостивар – непознато лице фрлило експлозивна направа во дворот на куќата со број 43 на улицата „18. ноември“, никој не настрадал од експлозијаата.
Според полициски извори рачната граната кашикара била активирана 2 часот и и 50 минути по полноќ при што е оштетето возило марка „тофаш“, гаражата, фасадата на куќата и влезната врата.
Сопственикот на куќата и неговиот син, рекле дека се изненадени од инцидентот бидејќи немале проблеми, конфликти или закани. Материјалната штета е проценета на околу 200 илајди денари.
Полицијата работи на расчистувањ на инцидентот.




