Иако Нишкиот Основен суд уште од август 2016 година, на Бојан Маринковиќ Бојзиј, висок функционер на СНС му наложи на уредникот на Јужне вести Предраг Благојевиќ да му исплати 250.000 динари отштета поради тоа што претходно му се заканувал, по жалбата на Маринковиќ, ни после речиси две години не е закажано ниту едно судњње.Притоа, според податоците на судовите, повеќе не се знае каде е документацијата во врска со овој предмет.
Според јавно достапните податоци од Порталот на судовите на Србија, по жалбата на Маринковиќ од септември 2016 година, Високиот суд го доделил предметот на судија дури пет месеци подоцна, во јануари 2017 година.
Сепак, од тогаш пресуда не е донесена, не е запишано дека судење воопшто е закажано, нити објавена било каква друга информација во врска со овој судски предмет.
Во пишаниот одговор од управата на Високиот суд, одговарајќи на прашање на Јужне вести, тврдат дека предметот уште од март минатата година е вратен на Основниот суд, со напомена дека не е донесена пресуда, туку дека најверојатно станува збор за процедурални недостатоци.
– Според податоците од електронската база на податоци Високиот суд во Ниш, ве известувам дека предметот на овој суд Гж 174/17 се води како нерешен. Според податоците наведени во базата на податоци во врска со локацијата на преметот стои податок дека списите на основниот предмет се вратени во Основниот суд на ден 24.03.2017 година – пишува во одговорот на Високиот суд.
Меѓутоа од управата на Основниот суд тврдат дека не добиле од Високиот суд никаков допис, откако по жалбата на Маринковиќ, уште од јануари 2017 предметот го проследиле до таа институција.
– Во врска на барањето доставено до овој суд ве известуваме дека списите за предметот, почнувајќи од 09.01.2017 година се наоѓаат во Високиот суд во Ниш заради одлука по жалба, која е изјавена против пресуда донесена на основа на отсуство на ден 26.08.2016 година – пишува во одговорот на Основниот суд.
На предлог на новинарот уште еднаш да ја проверат својата евиденција, од Оснобниот суд го потврдија својот претходен одговор, додека од Високиот суд одговор се уште не пристигнал.
Казна и награда во партијата
Да потсетиме, повикувајќи се на својот брат, потпретседателот на СНС и тогашен министер Игор Мировиќ, Маринковиќ во март 2014 година упати сериозни закани кон новинарот и уредник на Јужне вести Предраг Благојевиќ.
Тој го повикал Благојевиќ на телефон и го „предупредил“ веќе да не пишува за директорот на Водовод Дејан Андрејевиќ и неговите соработници.
– Немој случајно веќе да ти паднало на памет да напишеш нешто за Андрејевиќ, инаку ќе имаш работа со мене. Скрати го јазикот за после да не биде доцна – рекол помеѓу останатото.
Во текот на истрагата и поголемиот дел од судењето, Маринковиќ негираше вина за кривичното дело за која е предвидена казна од шест месеци до пет години затвор. Сепак, на крајот на јануари 2016 година, се спогоди со обвинителството и призна вина, по што беше правосилно осуден на година дена условна затворска казна.
Само пар месеци потоа, Маринковиќ беше избран на листата на СНС за советник во Советот на Ниш, додека неговиот брат Игор Маринковиќ во меѓувреме напредуваше до местото претседател на Владата на Војводина.
*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.




