Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: И ВМРО-ДПМНЕ работеше за НАТО покана и треба да се радува

0
By Светлана Јовановска on July 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 11, 2018 21:24

Грција и грчкиот народ сакаат да успее договорот за спорот со името и оттука премиерот Зоран Заев го разбира чекорот што Атина го презеде протерувајќи руски дипломати. За НОВА тој вели дека и кај нас има слични активности кои можат да се забележат при протестите и кај некои медиуми:

– Секоја земја би реагирала на ист начин ако некој дипломат се однесува надвор од дипломатските и меѓународните стандарди. Македонија веќе еднаш реагираше затоа што тоа е недозволиво. Тоа може да има влијание и реперкусии што би биле неповратни. Затоа и Грција така реагираше. Грција и грчкиот народ сакаат да успее овој договор. Не е добро со нечесни и надвор од вообичаените средства да се уништи оваа иднина која е насочена кон градење пријателство. Слушнав дека има одредено влијание и во делот на Црквата. Сето тоа влијае на градењето на пријателство, на мирот и стабилноста и мораме да кажеме дека ги разбираме ваквите чекори од грчка страна, вели Заев.

На прашањето дали и кај нас се уште има слични активности, Заев вели дека има но нема да дозволи да бидат преминати дозволените граници:

-Порано имаше непријателски насочени активности, надвор од дозволеното. Сега чувствуваме дека ги има во тоа што се случува со дел од протестите и кај медиумската реторика. Тоа е премногу видливо и се гледа од каде доаѓа. Нема да дозволиме да се преминат границите затоа што должност на секоја влада е да го обезбеди она што граѓаните го очекуваат а тоа е исполнувањето на нашите стратешки цели со членство во НАТО и ЕУ, подвлекува премиерот.

Заев за НОВА ја даде и првата реакција за поканата за преговори за членство со НАТО која денес беше потврдена во финалниот заклучок на лидерите на Алијансата во Брисел. Овој ден Заев го споредува со среќата што го обзела кога се родиле неговите деца.

-Ова е еден од најсреќните моменти во мојот живот. Среќата што ја чувствувам со играње на срцето во градите е иста како кога ми се раѓаа децата. Најголема среќа. Ова е првата стратешка цел на мојата земја Република Македонија. Среќен сум како што се веројатно среќни и сите граѓани во нашата земја. Има уште многу да се направи но сега сме дополнителни охрабрени. Не само јас и Владата и Собранието туку и сите наши граѓани. Сега е време секој да ја преземе одговорноста и да одлучи за каква иднина се залага и каква иднина имаме должност да им обезбедиме на децата и следните генерации, со насмевка вели тој.

И додава дека очекува оваа среќа да ја споделат и опозиционерите бидејќи и тие се дел од овој успех:

-Јас очекувам и претседателот Христијан Мицкоски да биде среќен а и цело ВМРО-ДПМНЕ, како што јас сум радосен и целиот СДСМ. Тоа е заедничка цел. И тие многу работеле во минатото и сите други поранешни влади. Ова не е затоа што ние сега ова го завршивме, можеби нам ни се падна честа да ја завршиме работата, но сите се заслужни за придобивките од полноправн членство во НАТО кое веќе ни е на дофат. И секако датумот за почеток на преговори со ЕУ, вели Заев и додава дека очекува опозиционерите “конечно да ја ослободат душата и да се израдуваат, треба сите да се радуваме”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.