„Фирмата “Ева Стаил” ДООЕЛ увоз – извоз од Струмица, во сопственост на Славица Заева која впрочем е сопруга на Вице Заев, родениот брат на Зоран Заев на ден 21.03.2011 година склучува договор за јавна набавка со Средното Општинско Училиште “Димитар Влахов” во вредност од 65.320 денари наменети за изработка на училишни униформи“, соопшти на прес-конференција Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ.
Тој му порача на Заев, наместо да ги испраќате партиските гласноговорници да се обидуваат да го покријат срамот со лажни информации и злонамерни манипулации, време е да прифати и да признае дека непотизмот и судирот на интереси се класичен начин на владеење.

„Директорите на општинските институции ги назначува градоначалникот, а фирмите кои до сега се споменати во јавноста, без исклучок, вклучително и нивните сопственици, очигледно меѓу себе се поврзани во еден систем на непотизам, бизнис интерес и сосопственички односи“, смета Димовска.
ВМРО – ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да излезе и конечно да даде логичен одговор на граѓаните на Република Македонија, колку пари досега Општина Струмица и нејзините институции доделиле и префрлиле на сметките од фирмите на неговото потесно семејство.




