Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во првите шест месеци намалена смртноста на бебињата на Гинекологија

0
By Менче Атанасова Точи on July 13, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 13, 2018 15:57

Се намалува бројот на починати новороденчиња на Клиниката за гинекологија. НОВА неофицијално, од лекарски извори дознава дека во првите шест месеци од оваа година на Гинекологија починале 57 бебиња, за разлика од минатата година кога имаше 82 починати бебиња во првата половина од годината.

„Тоа значи намалување за 17, 7 проценти. Ова ни дава надеж дека работите тргнаа на подобро. Подобрени се условите за престој, а се работи на советување и едукација на кадарот“, потврдија извори од Клиниката за НОВА.

Дознаваме дека шест од починатите бебиња биле со тешки вродени аномалии, не само на срцето туку и на повеќе органи и тие не можеле да се спасат. Во два случаи морало да се прекине бременоста поради здравствени проблеми на родилките.

Директорката на Клиниката за гинекологија, Викторија Јовановска, ниту ја потврди ниту ја демантираше оваа информација, само кратко одговори дека се среќни заради напредокот. За повеќе детали најави дека ќе се изјасни Министерството за здравство,деновиве.

Јовановска рече дека очекуваат тим од лекари од Бугарија кои ќе работат на едукација и советување на медицинскиот персонал со цел намалување на смрттноста. Претходно, на Гинекологија престојуваа експерти од СЗО кои дале свои препораки и ги едуцирале лекарите за промена на начинот на пристап во некои сегменти.

Во март годинава јавноста беше алармирана дека во првото тромесечје на Гинекологија починале 35 бебиња. Од Министерството за здравство излегоа со податоци дека во првите три месеци од годинава на Клиниката за гинекологија биле родени вкупно 1.155 бебиња.

Од нив 144 биле предвреме родени и биле третирани на одделот за интензивна нега, а 35 починале. Починатите бебиња во периодот од јануари до крајот на март 2018 година спаѓаат во категоријата предвремено родени бебиња.

По ова, во април годинава од Клиниката за гинекологија најавија дека ќе бараат  од Здружението на гинеколози и од Министерството за здравство  при водењето на евиденција смртноста да се заведува од 25 гестациска недела бидејќи помалите бебиња тешко преживуваат.

„ Ќе го побараме ова од надлежните фактори бидејќи на овие простори како и во соседните земји процентот на преживување кај бебиња помали од 25 гестациска е екстремно мал. Тие се со неразвиени органи, може да имаат одредени аномалии, оштетен слух, вид“, изјави тогаш, Викторија Јовановска директорка на Клиниката за гинекологија.

Таа вели дека всушност поради ова се третира дека е толку голем процентот на смртност  на новороденчиња.

Инаку, пред точно еден месец се случи раритет во македонското здравство-најмалото предвеме родено бебе во земјава  ја доби битката за живот и ја напушти Клиниката за гинекологија  каде четири месеци за него се грижеше стручен тим.

Малиот Бетим е роден во февруари годинава, во 23 гестациска недела(5,5 месеци) со  тежина од само 700 грама и 31 сантиметар. Од Клиниката си замина точно на датумот кога требаше да биде роден. Тоа е првото предвереме родено бебе со толку мала гестациска недела и мала родилна тежина во нашата држава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.