СДСМ се согласува со ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека „законот мора да важи за сите,без разлика дали се во една, друга или трета партија, дали се на функција или не”.
Зоран Заев јасно и гласно кажа дека нема ништо спротивно на законот во тендерските постапки во Општина Струмица, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да открие нешто незаконито колку и да се обидува. Станува комично партијата што ги приватизира институциите на државата да покажува толкава немоќ системски да открие некаков криминал на Заеви, па се обидува со очајни прес конференции да и се додворува на јавноста.
Суштинското прашање е кога ќе одговори премиерот Никола Груевски дали функциите на Сашо Мијалков, Влатко Мијалков, Зоран Ставревски се класичен случај на непотизам?
Кога ќе одговори премиерот дали е точно дека семејниот клан Груевски испумпал од Македонија пари на нејзините граѓани од околу една милиојарда евра?
Кога ќе одговори Груевски „чесните” како функционерите на ВМРО-ДПМНЕ со службенички плати стекнуваат богатство од стотици илјади евра?
Кога ќе одговорите господине Груевски на овие и на ред други прашања што следуваат?




