И по четири месеци, полицијата се уште не може да го утврди идентитетот на насилниците во инцидентот пред Општина Центар кога безмалку беше демолиран- нивното објаснување е дека постапката е се уште во тек.
Во извештајот воопшто не се спомнува вандалското кршење и напад на бараките на општината, но и дека според објаснувањето на в.д командирот на полициската станица Зоран Марковски, задоцниле снимките за идентификација на идентитетот на насилниците кои го нападнаа Центар, јавува А1 он.
Оттука, Советот на Центар не го усвои 6 – месечниот извештај за работата на полициската станица „Центар“ со 11 гласови „за„ на ВМРО – ДПМНЕ и 11 гласови „против“
Советникот на СДСМ Ѓошо Вангелов реплицирал на Марковски- не е можно полицијата за овие 4 месеци да не може да го утврди идентитетот на оние кои демолираа, кога едни исти луѓе се појавуваат на протестите кои ги организира ВМРО – ДПМНЕ, независно дали се работи за протести или контрапротести.




