Published: Friday, September 20, 2013 09:25
Градежници во Гостивар вчера откопале коски од засега неутврдено потекло. Изградбата на станбената зграда на која работеле е прекината, полицијата го обезбедува местото и се чека на вештак за да се открие дали коските се од човек или животно, jaвуваат македонските медиуми.
Од тетовската полиција информираат дека коските ги открил машинистот Х.И. (55) додека копал со багер а кога ги забележал коските, веднаш запрел со работа.
Откако газдата на фирмата – инвеститор на зградата пријавил во полиција, за случајот бил известен и истражен судија. Но, бидејќи веќе било мрак, увидот бил одложен за денеска. Според жителите во околните куќи, на местото каде биле откриени коските, немало гробишта, ниту пак таков случај бил забележан во минатото.




