Големо велосипедско дефиле под мотото „Чист воздух – ти си на потег” се одржува денеска низ улиците на Скопје, а по повод Европската недела на движење.
Велосипедското дефиле, во должина од околу 10 км, ќе се одвива по следната маршрута: собирање на плоштад Македонија, поаѓање по улица 11 Октомври пред Собранието на Република Македонија- лево по бул.Кочо Рацин – десно по бул.Кузман Јосифовски Питу – продолжување по бул.Јане Сандански – на крстосницата со бул.Србија вртење полукружно и враќање по бул.Јане Сандански – продолжување по бул.Кузман Јосифовски Питу – десно по бул.Крсте Мисриков – лево по бул.Гоце Делчев, десно по бул.Илинден и влез во Градски парк меѓу паркингот на Зоолошката градина и Град Скопје – бина Школка во Градскиот парк.
На дефилето ќе учествуваат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и евроамбасадорот Аиво Орав.
По велосипедското дефиле во Градскиот парк, Темелковски, Трајановски и Орав, по пат на извлекување ќе доделат на 16 велосипеди и две “тетоважи” за велосипеди на учесниците во дефилето.




