Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Смилево ќе се обединат сите бранители

0
By Нова ТВ on September 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 20, 2013 09:56

Во сабота ЗПБС „Бедем” ќе одржи Генерално собрание во историското Смилево на просторот пред споменикот на еден од најголемите македонски синови и херои, Дамјан Груев, со цел обединување на сите бранители под едно знаме.

-Собранието ќе започне во 12 часот и на него ќе присуствуваат 600 делегати од Здружението од сите градови во Македонија, како и многубројни други гости.Овој настан ќе се одржи на локацијата каде што се одржал и историскиот Конгрес пред Илинденското востание. Со тоа не само симболично, туку и суштински покажуваме дека продолжува континуираната борба на нашиот народ, овој пат борба за подобра и попросперитетна Македонија”, го пренесуваат македонските медиуми ставот на Горан Димовски, Претседател на Здружението на Безбедносните сили Бедем.

Според него, ова Генерално собрание ќе биде можност за обединување под знамето на Македонија како и пред 110 години.

„Токму затоа на Генералното собрание на здружението Бедем поканети се да присуствуваат претставници на сите здруженија и организации на бранители во Македонија. Со тоа јавно даваме до знаење дека ова Собрание има за цел да ги обедини бранителите и да упати порака дека бранителите биле и секогаш ќе бидат на првите линии кога се брани мирот и безбедноста на нашиот народ и нашата Македонија”, рече Димовски.

„На Генералното собрание ќе бидат доделени плакети за заслуга на хероите кои застанаа зад повикот на нашата татковина во миговите кога и беше најтешко и кои што со своите животи го штитеа територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Но истовремено од овој настан ќе упатиме јасна порака дека нема да отстапиме од нашите барања за целосни права и бенефиции за бранителите и членовите на нивните семејства, затоа што тоа е долг кон сите оние кои ги жртвуваа своите животи на бедемот на својата татковина Македонија”, додаваат од Бедем.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.