Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски на тврдењата од СДСМ дека ги излажал родителите дека екскурзиите ќе бидат бесплатни излезе со реакција.
-Апсолутно се невистинити обвинувања, затоа што Oпштина Карпош во ништо ја нема променето политиката од онаа што заедно со Социјалдемократскиот сојуз ја водевме до февруари 2013 година. И натаму се извршуваат сите планови и програми онака како што треба. Не е точно дека се вршат партиски вработувања, туку се екипира општината со кадри кои и се потребни на локалната самоуправа, вели Јакимовски.
За бесплатните ужинки, како што вели Јакимовски, тоа бил уште еден доказ дека СДСМ не слуша тоа што другите го зборуваат, туку размислува на начин, кој највеќе му одговара.
-Точно е дека ние ветивме бесплатни ужинки за учениците и бесплатни екскурзии, но од 2014 година. Ако тие не знаат, тогаш јас би сакал да ги потсетам дека сè уште сме 2013 година,, – реагира Јакимовски.




