Published: Friday, September 20, 2013 10:30
Земјотрес со јачина од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, почувствуван е утрото во петок во Пехчево, Берово и околината.
Како што забележале апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно -математичкиот факултет во Скопје, регистрирани се два земјотреса, чии епицентри потекнуваат од пехчевското епицентрално подрачје.
Земјотресите се случиле во 6.23 часот и во 6.45 часот, а се почувствувале во регионот на Малешевијата.
Пред еден месец, во истото епицентрално подрачје беа забележани два помали земјотреси со јачина околу 3 и 4 степени.




