НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој руски бизнисмен стои зад протестите во Скопје

2
By Нова ТВ on July 16, 2018 ПОЛИТИКА
Иван Савиди, руско - грчки бизнисмен
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот премиер  обвини „грчки бизнисмени“ приврзаници на интересите на Русија за поттикнување на немири во земјата поради предложената промена на името, кои би требало да го оневозможат влезот во НАТО.

Документите од Министерството за внатрешни работи во кои  увид имаа новинари на Истражувачката  лабораторијата на Македонија, партнер на Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), откриваат најмалку еден извор преку кој се вршело плаќањето. На противниците на преименувањето, најмалку 300.000 евра им биле префрлени од Иван Савиди, руски милијардер кој живее во Грција и кој порано бил член на рускиот парламент.

Овие исплати биле вршени преку десетина македонски политичари од разни партии, членови на неодамна основаните радикални националистички организации и фудбалски навивачки хулигани на клубот Вардар кои учествуваа во неодамнешните немири.

Речиси триесет години, името  Македонија беше суштината на  дипломатскиот раздор меѓу земјата и нејзиниот сосед, Грција. Атина се спротиставуваше на името, стравувајќи дека земјата има аспирации кон  грчката северна покраина, која исто така се вика Македонија.

Спорот беше толку сериозен што ја спречи Македонија да се приклучи кон НАТО-Алијансата поради противењето на Грција.

Пресвртот се случи минатиот месец, кога двете земји се согласија дека Поранешната Југословенска Република Македонија ќе се преименува во Северна Македонија.

Договорот го прекина долготрајниот спор и ја отвори вратата за Македонија да влезе во НАТО.

Набргу потоа, НАТО и формално ја  покани Македонија за влез во Алијансата. Македонскиот парламент го ратификуваше Договорот, но претседателот Ѓорге Иванов двапати одби да го потпише Указот за прогласување на Законот. Владата се надева дека новото име  ќе биде одобрено на референдум на крајот на септември. Потоа, исто така, ќе биде потребно и позитивно гласање од парламентот.

Во меѓувреме, националистичките противници на новото име на Македонија излегоа на улиците.

Дента, кога  Македонија го потпиша договорот со Грција, демонстрантите извикуваа “Македонија на Македонците” на протестите во  Скопје. Толпата од околу 1.500 лица побара прозападниот премиер Зоран Заев да се повлече. Молотов коктел беше фрлен кон зградата на парламентот, но не предизвика никаква штета. Дваесет и шест лица беа уапсени.

Сега, новинарите откриваат дека најмалку 300 000 евра им биле исплатени  на македонските противници на новото име, од Иван Савиди  милијардер роден во Грузија, кој сега живее во Грција, но го поминал поголемиот дел од својот живот во Русија и некогаш бил член на парламентот  како пратеник  на владејачката партија Обединета Русија.

Москва се противи на проширувањето на НАТО и користеше  разни форми на притисок за да ги спречи источно-европските земји да се приклучат кон сојузот.

Русија, исто така, била вмешана во протестите во Грција за промена на името на Македонија. Минатата недела Грција објави дека протерала двајца руски дипломати кои им плаќале на  противниците на договорот за името и поттикнувале митинзи против договорот. Грција исто така, им забрани на други  двајца руски дипломати да влезат во земјата.

Москва ги негираше овие тврдења и го осуди потегот на Атина како неоснован. Портпаролката на Стејт департментот на САД, Хедер Наурт, напиша на Твитер дека САД ја поддржуваат Грција во одбрана на нејзиниот суверенитет. “Русија мора да стави крај на своето дестабилизирачко однесување”, напиша Наурт.

Протести во Скопје Фото: Роберт Атанасовски

Според документите во кој увид имаа новинарите, Савиди ги префрлал парите во Македонија во серија плаќања. Дел од парите биле префрлени во готовина и пренесени преку граница на рака; биле користени и други методи. Полициски извори, кои побараа да останат анонимни, велат дека истрагата за трансферите е во тек, заедно со посебна истрага за бизнисите кои можеле да го поткопаат мирот и безбедноста во регионот.

Савиди кој бил роден во Грузија, а исто така е познат и како Савидис, своето богатство го стекнал со приватизацијата на она што подоцна ќе стане најголема руска тутунска компанија. Тој е еден од најбогатите бизнисмени во Русија, чие богатство се проценува на околу 2 милијарди американски долари. Откако се преселил во Грција во средината на 2000-те, го купил фудбалскиот клуб ПАОК и разни медиуми, и неговата бизнис империја сега доминира во вториот град по големина, во Солун.

На новинарите  на Истражувачката  лабораторијата им беа потврдени  трансферите на бизнисменот и од некои корисници и од  финансиски институции.

Примателите кои го потврдија трансферот се  група фудбалски хулигани поврзани со Комити, фан-клуб на фудбалскиот тим на Вардар. Истите мажи учествуваа во насилните протести во Скопје, а десет беа уапсени. Еден од хулиганите учесници им потврди на новинарите дека групата добила пари од Савиди. Документите исто така покажуваат дека некои членови на групата не се согласиле да ги примат парите.

Комитите се  добро познати со своите врски со политиката, особено со соборената партија ВМРО-ДПМНЕ, и во минато беа користени за да се иницираат политички немири.

Фудбалскиот клуб  Вардар е во сопственост на рускиот милионер Сергеј Самсоненко, кој, како и Савиди, живеел во рускиот град Ростов. Сега живее во Скопје и е почесен конзул на Русија во македонскиот град Битола.

На поранешниот лидер на Комити, Александар Жути Колевски, овој викенд му беше забранет влез во Грција  како „персона нон грата“ бидејќи претставувал “опасност за јавниот мир и безбедност, внатрешната безбедност, како и за меѓународните односи на Грција”, како што пишува во грчката документација која  новинарите ја добиле од  партнерите на OCCRP.

На новинарите Колевски им изјавил: „Јас не сум закана за безбедноста. Сè што правам е од љубов кон земјата. Не сум добил пари. Јас сум обичен навивач на Вардар“.

Савиди  не одговори на прашањата на новинарите до моментот на објавување на овој текст.

Полициската истрага е во тек.

НОВАТВ ексклузивно ја објавува македонската верзија на сторијата сработена во соработка со репортерите на ИРЛ, Базфед и ОЦЦРП.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.