Published: Friday, September 20, 2013 10:57
Заменик- министерот за здравство Јовица Андовски вчера во Собранието на Македонија, на седницата за пратенички прашања, информираше дека е формирана комисија која ќе ја преиспита работата на докторка за очни болести од Градската болница „Осми септември“, по поднесените приговори на пациентите за неуспешни оперативни зафати.
Скандалот со серијата неуспешни операции беше објавен на почетокот на септември во неделникот Фокус. Станува збор голем процент на неуспешни операции на еден од тројцата офталмолози кои оперираат „перде“ со фако метода (ласерски) во Градската општа болница „8 Септември“.
Според Фокус, се работи за докторка која е во роднински врски со функционер.



