„Сите инволвирани во случајот „Темел“ – членови на ВМРО- ДПМНЕ во тоа време биле следени поради контакти со странски служби а во координација со амбасади во Македонија –
се работи за безбедносни причини во одбрана на политичката и безбедносната стабилност на замјава, при што било неопходно да се преземат соодветни потези од страна на полицијата, изјавуваат за НОВА извори блиски до Чокревски.
– Доколку навистина се отворат досиеата на МВР би се дознала целосната вистина за следењето на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната блиска соработка со странски амбасади и странски разузнавачки служби“, се додава во реакцијата.
Како што дознава НОВА од блиски извори на Томислав Чокревски, кој вчера беше лустриран, ова би бил ставот содржан во реакцијата на Чокревски, поранешниот министер за внатрешни работи во време на Владата на СДСМ од 1995-1998.




