Published: Friday, September 20, 2013 12:06
Коските кои вчера беа ископани во Гостивар им припаѓаат на две лица и се стари помеѓу 40 и 50 години, информираше денеска Марјан Јосифовски, портпаролот на тетовската полиција, кој истакна дека истрагата се уште е во тек.
„Тоа е она што првично беше утврдено. Значи тие им припаѓаат на две лица. Староста на коските се движи помеѓу 40 и 50 години. Други информации засега немаме, а вештаците дополнително ќе го испитуваат идентитетот на лицата, причините за смртта и како нивните тела се нашле во земја. На местото каде вчера беа пронајдени порано имало угостителски објект“, изјави тој.
Инаку, коските беа пронајдени вчера околу 17 часот додека се извршувале градежни работи при изградба на станбен објект на улицата Илинденска во Гостивар.




