НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО ја проширува истрагата и на бебето на починатата родилка во Санте

0
By Менче Атанасова Точи on July 18, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство ја проширува истрагата за родилката Дебора Џамбази која почина при породување со царски рез во болницата Санте Плус и на нејзиното бебе, дознава НОВА.По барање на сопругот на починатата родилка, ОЈО ќе утврдува кривична одговорност и за бебето кое било повредeно при породувањето. Од Обвинителството ја потврдија информацијата на НОВА.  

„Во тек на преземање на дејствија во предистражна постапка, беше сослушан законскиот застапник – сопругот на сега починатата. При давањето на исказ, по негово барање, постапувањето на јавното обвинителство е проширено во насока на утврдување на евентуална кривична одговорност и за детето како оштетено во предметот. Имено, надлежниот јавен обвинител презема дејствија за прибирање материјални и вербални докази за утврдување на причинско последична поврзаност помеѓу начинот на водење на породувањето и здравствената состојба на бебето. По утврдување на фактите во предметот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, се вели во одговорот до НОВА од ОЈО. 

Дебора Џамбази почина на 20 јануари при породување со царски рез, а бебето беше извадено од утробата на починатата млада жена каде останало без кислород додека лекарите се обидувале да ја спасат. Новороденчето беше на апарати за дишење на Клиниката за детски болести, а потоа на товар на Фондот за здравствено осигурување беше испратено на лекување во Турција каде останало три месеци заедно со таткото.

Според лекарите, шест месечното бебе е во тешка здравствена состојба, буквално вегетира, а има отвори во грлото и стомакот( трахеостома и гастростома) бидејќи не може да дише и голта, така што  и храната ја прима однадвор, преку  шприц.

„Бебето се врати од болницата во Турција каде што остана 3 месеци. Тоа има трахеостома и гастростома, а таткото е обучен со цела пропратна апаратура како да се грижи за него. Доаѓа на контроли на клиниката и по она што можеме да видиме тоа физички добро напредува, но ментално и развојно ситуацијата не е добра и за тоа треба да се изјаснат невролозите“, изјави за НОВА, др. Катерина Ставриќ директорка на Клиниката за детски болести.

Неофицијално, тримесечното лекување на бебето на починатата родилка чинело околу 400 000 евра. Од ФЗОМ не откриваат за која сума се работи. Не е познато и зошто Санте Плус не го понеле трошокот за лекувањето на бебето кое настрада во нивната болница, а мајката заврши со смрттни последици. Од ФЗОМ не знаат ниту дали ќе биде потребно и понатамошно лекување на бебето во болницата во Турција.

„По поднесено барање  за упатување на лекување во странство од осигуреното лице Муса Џамбази од Кичево, за неговоро дете Лисандер Џамбази, ФЗОМ постапи согласно законските и подзаконските прописи при што му беше одобрено болничко лекување во вкупно траење од 90 дена во болницата „Аџибадем“ во Истанбул-Турција.

Во поглед на потребата за понатамошно лекување во странство, ФЗОМ не може да се произнесе бидејќи постапува по поднесено барање од осигуреното лице поткрепено со конзилијарно мислење од соодветна универзитетска клиника . Поради тоа индикацијата за потребата од лекување во странство ја утврдува  стручен конзилиум од соодветна клиника“, се вели во одговорот на ФЗОМ, без да се прецизира колку чинело лекувањето на бебето во болницата во Турција.

Засега, други детали од истрагата за случајот не се обелоденуваат. Анестезиологот од КАРИЛ кој беше фатен како без договор работел во Санте Плус,( кој и давал анестезија на родилката) доби отказ од работа и сега е во странство, а за вториот анестезиолог кој бил повикан на помош не се преземени мерки бидејќи како што велат неофицијално извори за НОВА вклучени во истрагата, немало врз основа на што да го обвинат,  бидејќи отишол да помогне.

Семејството на починатата родилка многу бргу по трагичниот настан ги прекина сите контакти со јавноста и со некои институции и се повлече.

Според извори на НОВА, за случајот е собрана обемна документација,  а постојат докази и изјави од сведоци инволвирани во случајот. Не се знае дали се побарани и снимките од камерите во болницата каде се случувала драмата со трагичен крај, од каде може да се види како семејството гледа кога преку прозорец бил позајмуван дефибрилатор од приватната очна болница која се наоѓа во близина и како цревото од апаратот било фатено од лифтот и искинато додека медицинската сестра трчала во паника да го однесе во операционата сала.

Во болницата Санте Плус за цело време тврдат дека родилката не починала кај нив туку во КАРИЛ и дека таму со брза помош ја пратиле со 20 отчукувања на срцето.  Документите и изјавите на лекарите кои ја примиле на КАРИЛ говорат дека жената била донесена почината, со мртовечки пеги, без пулс и без дишење. На младата жена, познат стоматолог од Кичево ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.