„Стевчо Јакимовски е човек кој очигледно нема ни трошка срам. Тој се обидува да ги замагли аргументите и доказите на советничката група на СДСМ на вчерашната прес конференција“, реагираат од општинската организација Карпош на СДСМ.
Откако градоначалникот Јакимовски даде изјава дека не е точно дека има нови партиски вработувања во администрацијата на општината, СДСМ вели, граѓаните на општината нека проценат кој ја зборува вистината и ги зинесуваат следниве факти:
– 300 илјади евра, пари на граѓаните во последниве 2 месеца се потрошени за нови времени вработувања во општина Карпош
– Во општината има над 250 лица вработени со договор за работа
– За доекипирање на администрацијата, Јакимовски потрошил околу 300 илјади евра
Во однос на програмите за екскурзии на училиштата, фактите говорат:
Во програмите на 10 основни училишта во општината што ќе се реализираат во 2013/2014, децидно се наведува дека изворите на финансиски средства за нивна реализација, средствата за екскурзиите ќе ги обезбедат родителите на учениците, соопштуваат од СДСМ Карпош.




