Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште еден текст за говорот на омраза

0
By Нова ТВ on July 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 18, 2018 21:08

Темата за говор на омраза во Македонија се чини дека е непресушен извор за новинарски текстови.

Она што дополнително е загрижувачки е дебатата за говорот на омраза. Факт е дека постои сива зона помеѓу она што се вика слобода на изразување и она што е говор на омраза, но во најголем број од случаите на говор на омраза во Македонија, границата е јасна како ден.

Кога некој повикува на јавен линч кон некој човек поради негов искажан став, и тој повик е проследен со низа слични повици во истата насока, тогаш дали навистина има потреба од дебата дали е тоа говор на омраза?

Постои математички прецизна дефиниција за тоа што е говор на омраза:

„Говор на омраза е употреба на стеротипи и заеднички социјални својства на одредена група (етничка, расна, верска, полова припадност, сексуална ориентација или друга припадност) со цел таа да се навреди, омаловажи или јавно да се понижи или пак да се формираат предрасуди, да се предизвика омраза, дискриминација или насилство кон таа група. Говорот на омраза може да биде насочен кон поединец ако во него се користи припадноста кон одредена социјална група за да се навреди, дискриминира, да се предизвика насилство или пак да се елиминира од јавна сцена“

Говорот на омраза во Македонија е токму таков, јасен и прецизен повик за насилство кон одредена личност или група на луѓе.

Последниот таков пример се случи минатата недела кога Борјан Јовановски, новинарот и уредник на Нова ТВ повторно беше мета на говор на омраза.

Тој во 2015 година беше мета на напад од се уште непознати сторители, кога пред вратата на неговиот дом беше оставен посмртен венец.

Овој пат тој беше мета на говор на омраза откако преку колумна се изјасни за немилиот настан, односно смртта на младиот навивач.

Следуваа напади од бројни лажни Фејсбук профили, но и вистински профили со јавно истакнат идентитет. Навредите и повиците за насилство не беа насочени само кон него, туку и кон неговото семејство.

Не смееме да дозволиме работите кои не се нормални да ни станат нормални, па така не смееме да се помириме со толкавото присуство на говор на омраза во јавниот живот на македонското општество.

Говорот на омраза мора да не асоцира на директно насилство бидејќи тој неминовно води кон него.

Жртвите на говорот на омраза постојано се мета на напади кои се случуваат одново и одново, па се случува да изгубат верба во институциите и повеќе не ги ни пријавуваат таквите напади кои се случуваат во јавноста, пред очите на сите, па и пред очите на надлежните институции кои сепак не преземаат ништо.

 

*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.