Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпионите не го пробија ѓонот на Вељаноски

0
By Борјан Јовановски on September 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 20, 2013 13:38

Во Македонија никогаш не се демонстрирала политичка култура адекватна на едно современо демократско општество. За тоа се виновни полтичарите кои во овие 22 години беа на раководните функции, но во добар дел одговорност за тоа сноси и јавноста, особено онаа која си го придава атрибутот интелектуална а која поради ситни интереси едноставно ги премолчува грубите и вулгарни однесувања на институциите и политичарите.

Деновиве веројатно го доживеевме врвот на политичката вулгарност која повторно не предизвикува никави реакции на „интелектуалната јавност“.

Спикерот Трајко Вељаноски разбирливо и очекувано мува не го лази и не чувствува никаква одоворност што шефот на неговиот кабинет се најде обвинет во средиштето на голема шпионска афера.

Во Чешка само пред неколку месеци се случи политички земјотрес по кој падна владата кога се откри дека шефицата на кабинет на чешкиот премиер е инволвирана во корупциски скандал.

Во историјата се забележани и други вакви примери. Авторитет од калибарот на Вили Брант ја заврши политичката кариера во седумдесетите години откако се откри дека разузнавачката служба на источна Германија, Штази, вметнала свој човек во неговиот кабинет. Оставките се резултат на елементарен морал но и на сериозна политичка одговорност со оглед на функциите.

Шефовите на кабинети на претседателот, спикерот и премиерот се наоѓаат на таканаречената Листа 1 до која се испраќаат најчувствителните и најзаштитените информации со кои располагаат безбедносните служби.

Листата 1 е најпривилегиранот круг на функционери до кој стасуваат информациите со највисок степен на заштита. Информациите кои се наменети за оваа листа ги имаат само шефот на државата, спикерот, премиерот и се разбира министерот за внатрешни работи и министерот за одбрана и оние кои ги изготвуваат тие информации во безбедносните служби.

Тие информации според процедурите до крајната адреса стасуваат преку шефовите на кабинети кои претходно поради ваквата позиција мора да ги поминат сите безбедносни проверки. Од тука се поставуваат повеќе прашања:

-Кој му го издал безбедносниот сертификат на шефот на кабинетот на спикерот уште во времето кога на оваа позиција беше Љубиша Георгиевски?

-Кои се информациите кои стасале до него и од него се упатиле во шпионската мрежа?

-Дали Маџовски ги предавал сите инфромации кои стигале до него од безбеднсит служби вклучително и оние со највисок степен на заштита?

Ако одговорите на последните две прашања се афирмативни, тогаш безбедноснит ситем на Македонија може да се прогласи за комплетно урнат, бидејќи според она што досега го слушнавме за аферата Шпион со години наназад најдоверливите информации стасувале до шпионска мрежа или можеле да стасаат до неа преку шефот на кабинетот на спикерот.

Аферата Шпион заслужува сериозна расправа за тоа што ни се случува со безбедносниот систем кој преку оваа афера е компромитиран пред се заради вмешаноста на шефот на кабинетот на претседателот на Собранието.

Сите останати вмешани во аферата се ситни риби кои не можеле посериозно да му наштатат на безбедносниот систем но фактот што во средиштето на аферата се наоѓа Маџовски како шеф на кабинет на вториот по ранг човек во државата, би требало да не замисли.

На крајот не знам дали воопшто вреди да се каже повторно дека Трајко Вељаноски уште истиот ден требаше да си поднесе оставка и да и се извини на јавноста за сите навреди и понижувања кои и се приредени на македонските граѓани а поврзани со случувањата од 24 декември и аферата Шпион.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.