Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска денеска биле во болницата во Гевгелија и кај матичниот лекар на починатата родилка Елизабета Савиќ-Динева, за да ја испитаат постапката како била водена бременоста кај гинкологот и како била третирана во гевгелиската болница. Ова за НОВА го потврди др. Ирина Бухова директорка на ДСЗИ. Таа потенцира дека постапката ќе продолжи и на Клиниката за неврологија каде била хоспитализирана и на КАРИЛ каде што починала.
„ Инспектори беа таму, ден по погребот, собрана е обембна документација и. Со надзор продолжуваме на Клиника за неврологија и на КАРИЛ“, изјави Бухова за НОВА.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе ги почекаат резултатите од обдукција по што ќе биде формира на Комисија за случајот.
Неофицијално, матичен гинеколог на починатата 31 годишната родилка Елизабета Савиќ-Динева од Гевгелија е гинекологот кој ја породувал родилката Маја Кадиева која почина за време на царски рез, за што беа обвинети двајцата анестезиолози(од кои едниот почина во меѓувреме) и двајца гинеколози.
Савиќ-Динева се породила на 29 јуни во Гевгелија, со царски рез и на свет донела здраво бебе. Неколку дена откако била пуштена дома заедно со бебето состојбата и се влошила.
Според неофицијални информации, Савиќ-Динева добивала необјасниви епилептични напади и однесена на Неврологија, а потоа во коматозна состојба на КАРИЛ каде по две недели починала.
Гевгеличанката Елизабета Савиќ-Динева вчера беше погребана во Гевгелија. На социјалните мрежи има многу коментари од блиски пријатели и роднини кои обвинуваат за лекарска негрижа.




