ВМРО-НП ја поздравува изградбата на новиот КПД Идризово, а воедно сме и воодушевени од веста за скоро двократното зголемување на капацитетот (од 900 на 1600 лица) на казнено поправниот дом со што всушност се испрати јасна порака до граѓаните дека не треба да се грижат за просторните услови во казнено поправните домови, бидејќи во новиот КПД Идризово ќе има доволно простор и услови за ,,пријатен престој“.
Во сооптението од ВМРО- Народна партија се вели: Долго време во нашето општество владеело погрешно мислење дека албанскиот етникум е главниот криминоген фактор и симбол за сите девијантни појави во Р.Македонија. Но, со оглед на најновите активности на владеачката гарнитура слободно можеме да констатираме дека македонците како народ го завземаа приматот на најкриминогена структура во македонското мултиетничко општество, а според изјавите на министерската за внатрешни работи македонците веќе го достигнале и врвот и го имаат дури и примарното место на Балканот во однос на извршувањето на тешки кривични дела.
Од ВМРО-НП јавно прашуваат, каков е доприносот на Власта во формирањето на една таква нова слика за македонското општество и македонската држава? Дали тоа значи дека македонците генетски се одредени да вршат криминални активности, а досега таквиот ,,атрибут“ Македонецот го чувал длабоко во себе па требаше власта како многупати досега повторно да му помогне да се спознае себеси?




