„Навистина е тажно дури и за оние граѓани кои изминативе седум години не и свртеа грб на погубната политика на СДСМ, да гледаат како портпаролот Петре Шилегов, упорно продолжува да ги чита партиските нарачки за фронтален напад и девалвирање на институциите“, реагира министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Според неа тоа што портпаролот Шилегов не разбрал дека сите надлежни институции го демантираа, е негов личен проблем.
>>СДСМ: Знае ли Груевски за богатењето на Јанкуловска?
„Сите тие потврдија дека тој и СДСМ ја лажат и ја манипулираат јавноста, така што неговиот личен проблем и проблемот на неговата партија да не ги почитува и да не ги разбира институциите, ќе си го решава пред надлежниот суд.
– За мене е важно граѓаните да добијат јасна претстава за лагите и манипулациите со кои СДСМ се обидува да ја прикрие безидејноста и немањето капацитет. За мене е важно дека граѓаните ги почитуваат и разбираат институциите давајќи поддршка на реформите и работењето седум пати по ред, вели Јанкуловска.




