Топилницата за олово и цинк е избришана од планската документација и просторот е пренаменет во зеленило, оваа предлог-одлуката за изменување и дополнување на урбанистичкиот план ја донесе денес Советот на Општина Велес.
– Ова е голема одлука за Советот, за граѓаните на Велес. На тој простор, повеќе не ќе може да функционира Топилницата или било која тешка и загадувачка индустрија. Процедурите за добивање на дозвола за работа подразбираат аплицирање на инвеститорот во случајот „Метрудхем“ до надлежните Министерства за транспорт и врски и Министертсвото за животна средина, појасни Александар Колев, претседател на Советот на Општина Велес.
– Но, ова не значи дека завршува борбата за спас на Велес од Топилницата и борбата за здрава животна средина на Велес. Напротив треба да се превземат уште мерки, како што е дислокација на јаловината на згура или црниот рид над Топилницата, а кој е се уште опасност за градот, ќе треба да се превземат мерки за фиторемедијација или било која друга форма на прочистување на почвата на јавните површини во Велес, како и активности за дислокација на самите објекти од Топилницата, рече Колев.




