НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши расправата за измените на Изборниот законик

1
By Нова ТВ on July 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Комисија за европски прашања речиси два часа пред полноќ ја заврши расправата по Предлог-законот за изменување на Изборниот законик по скратена постапка, во второ читање, без воопшто да се одлучува по предложените 401 амандман од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Комисијата, Артан Груби од ДУИ рече дека има многу пријавени за збор, а седницата согласно Деловникот мора да заврши до полноќ и нагласи дека нема време сите да дискутираат. Со истото образложение дека нема доволно време и оти е пробиен рокот одлучи да не се гласа по поднесените амандмани.

Претходно, расправата заглави на вториот амандман  и три пати беше прекинувана. Два пати беше дадена пауза поради тензична атмосфера, а еднаш на барање на координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими, за да се провери дали се преведени на албански јазик сите 400 амандмани.

По последната дадена пауза се обратија три пратенички Јулијана Николова од ЛДП, Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ и Јагода Шехпаска од СДСМ кои говореа за се само не за амандманите и Изборниот законик.

Во текот на расправата опозициските пратеници обвинија дека се злоупотребува европското знаменце и нагласија дека Изборниот законик нема никави допирни точки со Комисијата за европски прашања. Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, посочија дека нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокираат донесувањето на законите со цел да се амнестира криминалот во нивната партија и да се спаси поранешниот лидер Никола Груевски.

Со измените на Изборниот законик се предлага Државната изборна комисија да се бира со просто мнозинство од 61 пратеник, наместо со двотретинско од 81 пратеник како што беше досега.

Комисијата за европски прашања вчера ја почна расправата по Предлог-законот, а според Деловникот, за закони кои се донесуваат по скратена постапка и со европско знаменце треба да трае два дена. Предлог-законот в понеделник ќе биде на дневен ред на седница на Собрание.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.