НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ако има неправилности во тендерите ќе барам ревизија на одлуките

3
By Менче Атанасова Точи on July 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Правилата мора да важат еднакво за сите, никој не смее да биде фаворизиран. Ова за НОВА го изјави премиерот Зоран Заев откако вчера во јавноста излегоа двата сканадолозни тендери, тој за реагенси тежок 35 милиони евра на Минисерството за здравство и дека Фондот за иновации додели 160.000 евра на сметката на Каст Инвест, компанија чиј косопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Правилата мора да важат еднакво за сите, никој не смее да биде фаворизиран. Не смее да има конфликт на интереси, ниту расфрлање со парите на граѓаните. Ќе ги провериме сите постапки, ако има било што неправилно или нешто што предизвикува конфликт на интереси, ќе барам ревидирање на одлуките,”изјави за НОВА, премиерот Заев.

НОВА вчера објави дека фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз  ДООЕЛ Скопје, е единствена која аплицирала на тендерот за реагенси тежок 35 милини евра. Оваа фирма никогаш не работела со набавки на реагенси, а не е познато ниту дали и колку вработени има, нема никаква референца и основана е во момент кога во Министерството за здравство беше најавен големиот тендер за реагенси со кој министерот Филипче најави голема заштеда во здравството.

За познавачите на проблематиката сомнежите се јавија уште на самиот почеток на техничкиот дијалог, бидејќи како што велат сменета е спецификацијата со која се алудира на тоа на тенедерот да се јави само еден понудувач кој ќе носи реагенси од еден прозводител, компанијата АБОТ.

Фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз  ДООЕЛ Скопје, е регистрирана со странски капитал, како микро фирма со влог од само 5000 евра.  Како таква, оваа фирма треба да застапува тригодишен тендер тежок толку колку чини капиталниот објект на новата Клиничка болница во Штип.

Од Тековната состојба во Централен регистар на ново формираната фирма се гледа дека  управител  е  Александар Јовановски кој има  неограничени овластувања  за внатрешниот и надворешниот промет, а како сопственик на фирмата се јавува извесен Предраг Петрич од Нови Сад.

Во документот од Централен регистар за контакт е впишана приватната и-меил адреса на Јовановски, во јавноста познат како Жути. Нема веб страна, ниту и-меил адреса на фирмата  АХР ЛАБ ДООЕЛ увоз –извоз Скопје.

За луѓето кои со години работат во оваа сфера, Петрич е непознат,  додека Јовановски е познат по неговиот татко кој е сопственик на фирма за  набавка на медицински материјали( работел и со фирма од Нови Сад па, се претпоставува дека е од таму врската со Петрич), но и нивните блиски врски со Мијалкови. Извори за НОВА велат дека неговиот татко бил вклучен и во бизнисот со кладилници  заедно со поранешниот разузнавач Сашо Мијалков.

За Јовановски се зборува дека е многу близок со Јордан, постариот син на Сашо Мијалков и со Илија Тозија директор на една од фирмите во нафтениот бизнис на Мијалкови, соработник за инвестиции во здравството во време на Тодоров, член на Надзорниот одбор на Државна лотарија и  дел од младите сили на ВМРО ДПМНЕ.

Јовановски(Жути), Тозија и Јордан Мијалков

Јавноста и дел од фирмите кои се занимаваат со бизнисот со реагенси  се изненадени што на тендерот се појавува нова фирма која досега не работела со оваа проблематика, ниту пак набавувала материјали од компанијата чии спецификации се наведени од тендерот.

 

Социјалните мрежи не стивнуваат од коментари – се бара да се поништи тендерот за реагенси, но и оставка на министерот Филипче.

Меѓу реакциите на социјалните мрежи имаше и такви кои се однесуваа на оделените грантови од Фондот за иновации, при што се бара одговорност и од директорот на оваа институција.
Останува да се види што ќе произлезе од ревизијата на одлуките за двата тендера, за кои македонската јавност очекува одговори.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.