Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Зборува Скопје“ – почна одбележувањето на годишнината од скопскиот земјотрес

1
By Нова ТВ on July 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 23, 2018 21:58

Не е заборавена поддршката што пред 55 години нашиот град ја доби од целиот свет. Ова нека биде добра прилика да покажеме дека го сакаме нашиот град, неговата култура и уникатната урбаност која ќе ја негуваме во иднина, истакна вечерва градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во Музејот на Град Скопје каде што беше откриена пораката на Јосип Броз Тито со нови букви, која по 17 години повторно е вратена на фасадата на Музејот.

Се работи за изјава која претседателот на СФРЈ ја кажал на 27 јули 1963, ден по катастрофалниот земјотрес, и која гласи: „Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме со помошта на целата наша заедница. Тоа ќе стане симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност.“ Пораката стоеше на источниот ѕид на Музејот од 1974 до 2001 година.

Со откривањето на возобновената порака, Град Скопје ја почна четиридневната манифестација „Зборува Скопје“ во сеќавање на 55 години од земјотресот.

Шилегов информираше дека за 15-ина дена ќе почне изградба на прва подземна сообраќајница во Скопје. Најави и нов концепт наречен Скопје урбан центар во кој ќе се вклучи  и Асоцијацијата на архитекти на Македонија која, како што рече, последнава деценија беше целосно исклучена од урбаното планирање на градот.

– Скопје урбан центар по издигнувањето на ниво на широка стручна платформа има за цел да работи на урбанизацијата на 10-ина нови локации на северниот прстен на градот со што ќе се намали притисокот на урбанизацијата на јужниот дел на градот и ќе се придонесе Скопје да го претвориме во горда престолнина и идна членка на ЕУ и НАТО, рече Шилегов.

Пред скопјани што вечерва присуствуваа на настанот, настапија Градскиот хор „Вардар“ и децата од „Златно славејче“ кои пуштија 1.070 бели балони во чест и во спомен на исто толку жртви кои ги загубиле животите во катастрофата во 1963 година. Најмладите упатија ветувачка порака дека ќе го сакаат и чуваат Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.