Published: Saturday, September 21, 2013 12:17
Како што дознава НОВА од болнички извори, Соња Тарчуловска, сопругата на Јохан Тарчуловски се наоѓа во лоша здравствена состојба.
Сместена е на КАРИЛ, односно Клиниката за реанимација и интензивно лекување.
По падот од балконот на станот во Кисела Вода, таа се здобила со скршени ребра, повреда на кичмата во долниот дел и скршеници на едното рамо.
Taa денеска е оперирана и е во стабилна здравствена состојба. Лекарските тимови од синоќа работат на нејзино опоравување.
МВР соопшти дека падот од балконот бил „несреќен случај“ и затоа нема да се води никава истрага.




