Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациентка во опасност да и излезат цревата по операциите во Санте Плус

5
By Менче Атанасова Точи on July 25, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 25, 2018 16:57

Мирсада Џуџевиќ Ќерими, 41 годишна жена од Скопје повеќе од една година живее во страв дека ќе и излезат цревата од стомакот поради три неуспешни операции направени  во болницата Санте Плус во Турција и една киретажа во болницата во Скопје. Мирсада тврди дека на нејзиниот стомак повеќе нема мускули, туку само тенок слој на кожа поради кои како што вели, мора постојано да носи дебел и тврдо стегнат појас кој и ги држи цревата да не излезат.

„Јас живеам 24/7 со појас дури и при туширање не смеам да го извадам за да не ми излезат цревата надвор. Од операцијата на кила направена во болницата  Санте Плус во Турција и во болницата во Скопје, јас останав инвалид, живеам со големи болки од нешто што не е  направено како што треба, поради лекарска грешка“, изјави за НОВА, Мирсада Џуџевиќ Ќерими.

Таа вели дека претходно била оперирана три пати во јавно здравство, пред да оди во Турција. Два пати без мрежа, а третиот пат била ставена мрежа но, неуспесно. Во Турција отишла со надеж и ветување дека се ќе биде во ред и за еден месец ќе „биде како нова“.

Фото: Рана која цела година не зараснувала(замаглена од НОВА)

Голготата всушност, како што вели оваа жена, започнала во април минатата година кога од менаџерката на болницата Санте Плус во Скопје, Весна Камилова била пратена на операција од кила во истата болница во Турција. Мирсада вели дека лично од неа била пратена таму, откако претходно во болницата Турција и било кажано дека не може да дојде директно, туку само преку е застапник за Македонија и регионот, Камилова. Во договор со Камилова од Санте Плус во Скопје и кажале дека операција во Турција ќе чини  4000 евра, од кои 2000 евра за операција на кила(хернија) и 2000 евра да се направи естетска операција на стомакот поради другите оперативни зафати кои ги имала претходно. Кога успеала да собере пари од роднини и пријатели, бидејќи не била во можност да плати, на крајот на април заминала на операција во Турција.

Но само неколку  дена по враќањето од таму состојбата се комплицирала, од отворот кој и бил оставен во стомакот почнало да излегува течност, поради што бил повикан лекар на консултација бидејќи болницата во Скопје немала хируршки оддел.

„Прв ме прегледа доктор кој не е вработен во Санте Плус, туку беше викнат  од директорката Весна Камилова пријателски да ме види бидејки во болницата немаа вработено хирург. Тој рече дека  на толкава рана не смеело да се остави несошиен дел, дека е тоа извор на бактерии, по што препорача да се земе брис и да се направи мала хируршка интервенција. Во еден период од раната излегуваше и измет. Јас така со гној, силни болки и пред сепса, седев уште две недели по што повторно и се обратив на Камилова, а таа го повика докторот да ме види. Тој  констатира  дека раната не е во ред и дека е потребен нов хируршки  зафат. По ова, повторно бев пратена во болницата во Турција каде што не ми направија ништо, само ја стискаа раната и премиваа со Бетадине и немаше никаков хируршки зафат“, рече Мирсада.

Фото: Состојба по операцијата(замаглена од НОВА)

Откако се вратила во Скопје по една недела состојбата и се влошила, а истиот лекар врз основа на снимка констатирал дека има дупнато црево, дека е во состојба пред сепса и дека итно мора да биде вратена во болницата во Турција,  да се извади мрежата и да се исчисти стомакот.  Во Турција останала две недели, но тука се вратила со отворена рана за која што и кажале дека со преврски во нивната болница во Скопје, ќе зарасне, раскажува Мирсада.

„Во меѓувреме раната на стомакот се отвори уште повеќе, а Санте Плус  тогаш ја вработи хирургот  др. Илина Гадџевска која ми ја третираше раната и ми правеше преврски. Докторката веднаш по првиот преглед констатира дека има три типа на бактерии(преку брис).   Цело лето правев преврски во Санте Плус во Скопје и во тек на еден месец примив  95 инекции. Потоа следуваше уште еден хируршки зафат во болницата Санте Плус во Скопје.  Операцијата, однсно киретажата ја направи др. Илина Гаџевска заедно со др. Менду  Јегени , гинеколог. Откако раната зарасна, по сите трауми и претрпени болки се појави повторно кила. Сега мојата состојба е многу полоша од пред да бидам оперирана, а од болницата Санте Плус во Скопје се оградуваат иако тие ме пратија на операција во Турција“, вели Мирсада.

Весна Камилова, балкански координатор на „Санте Плус“ групацијата и извршен директор на болницата „Санте Плус“ во Македонија

Менаџерката на Санте Плус во Скопје, Весна Камилова негира дека пациентката Мирсада Џуџевиќ Ќерими била воопшто третирана во болницата Санте Плус во Скопје. Таа тврди дека сите интервенции и биле направени во болницата во Турција, која е сосема друг правен субјект , односно дека Санте Плус во Скопје е фирма- ќерка на Санте Плус во Турција. Сепак, призна дека тие ја испратиле на операција во Турција како преставници на болницата.

„Двете болници немаат никаква поврзаност, тие имаат различни сопственици и различна сопственичка структура. Пациентката е третирана во Турција со потпишана согласност за ризик. Уште на почеток е прифатена како ризичен случај, претходно неколку пати оперирана во македонските болници. Таа е комплетно третирана во Турција, тука не и е правена никаква интервенција, нема примано никаква терапија, ниту и се правени преврски“, изјави за НОВА, Весна Камилова, менаџерка на Санте Плус во Скопје.

Но, од десетина  документи кои ги достави  Мирсада, може да се види дека и била направена киретажа на стомакот.  дека и биле правени преврски и дека примала терапија со антибиотик поради трите бактерии кои биле откриени во раната.

Мирсада Џуџевиќ Ќерими, освен што се обрати редакцијата на НОВА, случајот го пријавила во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Лекарска комора на РМ, кај министерот за здравство Венко Филипче и до премиерот Зоран Заев во Владата на РМ.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.