Министерството за внатрешни работи на Македонија на барање на судот распиша меѓународна потерница за тројцата осомничени кои се недостапни на полицијата во случајот „Шпион“.
Претходно, на сите тројца истражниот судија им одреди мерка притвор во отсуство.
Еден од тројцата е и Зоран Божиновски, уредник на порталот Буревесник.
Тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша „Признавам јавно: Се што правам последните седум години е раск..цување на наркодилерската извршна власт во Република Македонија… Нека распишат потерница по мене, па во процедура ќе си дојдам во Скопје да се соочиме со Мијалков и Груевски. Ако сакаат циркус ќе го имаат допрва. Мислев до денес немам рејтинг, дека не сум фактор, дека не ме бива, дека сум утнал се. А тоа полн погодок!“
.png)
Во акцијата Шпион 22 лица се обвинети за злосторничко здружување, измама и изнуда.




