Published: Saturday, September 21, 2013 18:23
Еден од осомничените во аферата Шпион денеска е уапсен во Чешка- се работи за Борислав Перков, 52- годишен велешанец, јавуваат македонските медиуми, повикувајќи се на извори од МВР.
Освен новинарот Зоран Божиновски, во акцијата Шпион полицијата има издадено меѓународна потерница и по уште двајца меѓу кои беше Перков.
Во понеделник чешкиот суд ќе треба да донесе одлука дали ќе постапи по барањето за екстрадиција во Македонија или ќе му биде одреден екстрадиционен притвор.




