Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Без гасоводот штетата по околината ќе биде многу поголема

0
By Нова ТВ on July 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 29, 2018 13:52

Владата на Република Македонија постојано ги следи реакциите на граѓанските организации и токму поради тоа, преку надлежните институции, се пристапи кон планирање нова траса за гасоводот која поминува преку Водно, со цел обезбедување реализација на овој еколошки проект со минимален ефект врз животната средина.

„МЕР АД Скопје, изработи предлог на нова траса, со која значително се намалува опфатот на дрвна маса на Водно – со новиот предлог, опфатот на интервенција врз дрвна маса се намалува од 3.000 кубни метри на околу 1.400 метри кубни. Дополнително, трасата се намалува од 25 на 10 метри ширина и се избегнуваат деловите каде има густа дрвна маса. Новата траса беше јавно разгледувана и дефинирана од страна на претставници на институциите“, пишува во соопштението на Владата.

Од таму посочуваат дека во овој момент нема градежни активности на Водно, а механизацијата е присутна на локацијата веќе четири месеци.

„Во тек се единствено подготвителни активности за препроектирање на трасата, со цел обезбедување нова траса со која ќе се обезбеди максимална заштита на животната средина. Во наредниот период планирани се активности во деловите каде не е предвидена измена на трасата, односно деловите каде нема загрозување на животна средина“, се наведува во соопштението.

Според Владата, новата траса ќе предизвика поголеми трошоци, но по таа цена ќе се обезбеди најмала можна штета врз животната средина.

„Како компензација на оштетената вегетација, ќе се засади нова, во неколкукратно поголеми количини, ќе се оформат нови заштитни подрачја на Водно кон Матка, а ќе се пошуми и јужната страна“, информираат од владината прес служба.

Од Власата тврдат дека гасоводот e типичен еколошки проект кој ќе има сериозно позитивен ефект за животната средина.

„Дефинирање целосно нова траса за овој гасовод не е можна, бидеjќи тоа ќе донесе неколкукратно поголеми проблеми и штети за државата и за граѓаните: губење време за реализација на гасоводот, правни проблеми со експропријација на земјиште, губење на заемот со исплата на  дополнителни големи камати, сериозно одложување на реализација на еколошкиот проект-гасовод, и со тоа поттикнување натамошно греење со огревни дрва, наместо со гас, што ја загрозува животната средина“, пишува во соопштението од Владата.

Да се тргне целокупната градежна механизација од сртот на Водно додека не се реши проблемот и Владата да излезе со официјален став за проектот, побараа на денешната прес-конференција пред Град Скопје од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.