Не можеме да поддржуваме политички фарси. Какви интеграции да подржуваме кога владата постојано 6 години сите потези што ги прави, ги прави против таа интеграција.
Почнувајќи од именувањето на аеродромот, на улиците, поставување на споменици, како можеме ние да бидеме алиби на таквата политика?
Не може да не донесат пред свршен чин оти ние покажавме 20 години дека сме против тоа. А, оспорувањето на политиката кон Албанците, сосема се јасни позициите, никогаш ДУИ и господинот Ахмети не беа во тие, условно речено, мои напади и нивното соопштение беше полно со напади кон мене, вели претседателот на ДПА Мендух Тачи во неделното интервју на Радио Слободна Европа
Според Тачи со политиката која се води кон албанците е со тенденција да ги навредат господинот Хашим Тачи и Еди Рама.
-Нормално дека нив не смеат да ги напаѓаат, па ме напаѓаа мене. Мислам дека сè јасно, оти оваа влада функционира од два аспекта. Антиинтеграциска политика, што веќе е јасно и мислам дека уште појасно ќе ни биде кога ќе ни дојде извештајот од ЕК и антиалбанска политика. Не го зборувам јас тоа, тоа го зборува потпретседателката на Парламентот која вели – Не ми даваат да зборувам албански! Шокантно, затоа што таа и нејзината партија имаат тотално дволично однесување, 6-7 години го слушаме Ахмети како зборува оти успеал да го направи албанскиот јазик официјален, а негов функционер го демантира вели во интервјутоТачи.
Тој вели дека се бори со демократски и со политички методи, никако со други и така ќе биде додека е на оваа позиција, додека е жив.
-Мислам дека другиот начин на правење на политика може да биде фатален, не за Македонците, за Албанците. Мојот народ и ден денеска од буџетот зема само 2 проценти, поради поинаквоста до Македонците, од аспект на култура, од аспект на јазик, а изборите ги губиме бидејќи мојот политички конкурент успева да ги намами да гласаат за него Македонците, Торбешите, Турците, Ромите, Бошњаците. Јас мислам дека и овој пат успеав да докажам дека мојата партија е најјаката кај Албанците со поддршка вели Тачи.




