Published: Sunday, September 22, 2013 12:37
Околу 2.500 граѓани денеска беа дел од четвртиот „Појадок на мост“ што се одржа од 9 до 11 часот.
Tрадиционално, многу од граѓаните после појадокот заминуваат со кеси полни со јадење кое се нудеше на двата моста.
За разлика од минатите години кога ваквата манифестација создаваше турканици, годинава двата моста ја растеретија гужвата.
Организатори се Град Скопје и Средното угостителско училиште „Лазар Танев“. Манифестацијата ја помогнаа голем број донатори – ресторани, пекари, маркети, производители и увозници на храна и пијалаци.






