Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германски избори: Нема страв од изборни фалсификати

0
By Нова ТВ on September 22, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 22, 2013 15:34

Во Германија е строго регулиран текот на сојузните парламентарни избори. Така треба да се спречат изборни манипулации, анализира Дојче веле на македонски.

„Изборниот процес во Германија е траспарентен во секоја фаза“, објаснува Клаус Печ од Сојузната изборна комисија. Таа е одговорна за организацијата и текот на изборите за Бундестагот и Европскиот парламент. За нешто да не тргне наопаку, однапред се преземаат мерки, вели тој за Дојче веле: „На пример, да ја наведам ситуацијата на гласачките места – во секое имаме осум до девет доброволни помошници“.

На изборите в недела ќе бидат присутни околу 630 илјади изборни волонтери. Во Германија како доброволен помагач на изборите во својата општина може да се пријави секој со навршени најмалку 18 години. Но, и некој кој не се пријавил доброволно, може од својот град или општина да добие покана како помошник на изборите. Неа може да ја одбие само ако докаже оправдана причина.

Пред отворањето на избирачките места, помошниците на изборите проверуваат дали гласачките кутии, во кои подоцна ќе бидат уфрлувани гласачките ливчиња, се навистина празни. При гласањето тие се грижат за легитимирањето на гласачите и дали тие со себе ги носат изборните книшки, кои претходно им се испраќаат по пошта.

Волонтерите се грижат и за тоа врз гласачите при гласањето да не се врши влијание. Ако на пример членови на партија се обидуваат да придобијат уште некој глас, тие мора да реагираат. Самиот изборен волонтер се обврзува на непартијност.

Тоа не значи дека изборните помошници не смеат самите да бидат членови на некоја партија, напротив, во секоја општина по можност треба да бидат земени во обзир застапените партии. Преку ваквата политичка плуралност се обезбедува непартискиот тек на изборите.
Изборните волонтери треба да ги затворат избирачките места точно во 18 часот и гласовите да ги пребројат според точно утврдено правило, составувајќи записник. Резултатот од гласачките места се јавува во општинските изборни комисии, а од нив пак до регионалните изборни комисии“, објаснува Печ. Регионалните изборни комисии потоа ги проследуваат резултатите до покраинските изборни комисии, а тие до онаа на сојузно ниво.
Преку транспарентноста и контролните механизми во Германија се оневозможува фалсификувањето на изборите. По правило тоа успева, но Печ не сака со стопроцентна сигурност да гарантира дека во поединечни случаи нешто не оди погрешно.
Подложно на манипулација во Германија е се‘ попопуларното гласање преку писмо, во градовите дури 30 проценти од избирачите со право на глас ја користат оваа можност. Изборните ливчиња во писмо можат лесно да бидат фалсификувани. Исто така, при овој начин не може во секој случај да биде гарантирана тајноста на изборите.
Може да се случи некој негувател во старски дом да го пополни гласачкото ливче за својот штитеник или сопругот за својата жена. Во 2002. година на пример,во Дахау при локалните избори беше извршена манипулација, при што беа фалсификувани 400 гласови пристигнати по пошта. Измамата беше откриена само поради тоа што фалсификаторот постојано употребувал исто пенкало.
И во Германија, слично како во САД и Бразил, беше употребен комјутер при гласањето. Тоа беше при изборите во 2005. година. Но, оваа практика Сојузниот уставен суд во 2009. година ја прогласи за неуставна. Причината е што гласањето мора да биде јавно, што важи и за пребројувањето на гласовите:
„Пропишано е секој одделен глас да биде гласно прочитан и јавно протоколиран. Овде волшебниот збор гласи: транспарентност“, објаснува Печ. Овде под јавност се подразбира тоа што секој може да биде присутен при пребројувањето на гласовите на избирачкото место. Ако по изборот постои сомнеж во исправноста, мора да постои можност за повторно пребројување на гласовите. А тоа, според одлуката на Сојузниот уставен суд, при употребата на изборни комјутери во Германија не е можно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.