Советот на општина Кавадарци, вклучувајќи ја и опозиција и партијата на власт рекоа одлучно НЕ на загадувањето од Фени. Кавадарчани го кренаа својот глас против загадувачот Фени.
-Не се плашиме и нема да се повлечеме , нашата борба ќе биде преку институциите на системот. Ќе бараме ревидирање на дозволите на Фени, тие да бидат според европските стандарди. Им порачувам Фени да престане да уценува дека ќе ги избрка работниците од работа, тие се веќе избркани . Нема да застанеме, подготевни сме да одиме и на референдум ако треба рече Горица Пеливанова Вилхем претседател на Советот на општината на последната седница.
Граѓаните на Кавадарци веќе несакаат да бидат труени и велат дека битката што ја почнаа преку медиумите веќе нема да застане.
-Од шест мои другари тројца се веќе починати, од девет пациенти во една болничка соба на Онкологија четворица се од Кавадарци. И предлагам на државата да отвори онколошко оделение во Кавадарци бидејќи половината од пациентите на клиниката во Скопје се од нашиот град, рече Бранко Трајковски кој и самиот боледува од малигно заболување.




