Фолк пејачката Соња Тарчуловска за весникот Вест раскажува како всушност и се случила несреќата со падот од терасата. Таа во моментов закрепнува во Државна болница, на Одделот за интензивна нега и реанимација по операцијата на пршлен.
– Се качив на столче да раскитувам од свадбата и по некое време ја слушнав Мелани како вика по мене и ми го носи телефонот, зашто ме барала сестра ми. Како што се свртев да го земам телефонот, така ми се лизна ногата и одлетав, изјавила Тарчуловска за утрешен„Вест“.
Јохан Тарчуловски денеска изјави за НОВА дека се работело за несреќен случај при падот на неговата сопруга Соња Тарчуловска.
-Мојата сопруга е добро, ја посетивме со децата. Две ноќи бдеев во болница, не излегов воопшто од болница, само на кратко се вратив дома и дали отспав само еден час. Се работи за несреќен случај.
Со децата предмалку бевме повторно во болница да ја посетиме. Сите детали за несреќата ќе ги соопштам утре, изјави Тарчуловски за НОВА.
Вчера НОВА објави повикувајќи се на болнички извори дека Соња Тарчуловска, сопругата на Јохан Тарчуловски се наоѓа во лоша здравствена состојба.
Сместена е на КАРИЛ, односно Клиниката за реанимација и интензивно лекување.
По падот од балконот на станот во Кисела Вода, таа се здобила со скршени ребра, повреда на кичмата во долниот дел и скршеници на едното рамо.
Taa вчера беше оперирана и е во стабилна здравствена состојба. Лекарските тимови од синоќа работат на нејзино опоравување.
МВР соопшти дека падот од балконот бил „несреќен случај“ и затоа нема да се води никаква истрага.




