Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заштита на Интернет-комуникациите од надзор и следење

0
By Нова ТВ on September 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 23, 2013 10:21

Фондацијата Метаморфозис, Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и НВО Инфоцентарот, се придружуваат кон големата меѓународна коалиција и бараат од Република Македонија да изврши проценка дали националното законодавство и активности на полето на следењето на комуникациите се во согласност со преземените обврски на полето на меѓународните човекови права.

Поддршка на предложениот сет од тринаесет меѓународни принципи против неконтролираното следење и надзор на комуникациите. Овие принципи, за прв пат во историјата, воспоставуваат рамка за оценување на практиките на следење и надзор, во контекст на меѓународните обврски на полето на човековите права.

Тринаесетте принципи претставени пред Советот за човекови права се: законитост на ограничувањата на приватноста; ограничувањата да имаат легитимна цел и да се нужни; следењето на комуникациите да биде соодветно и пропорционално на зацртаната цел; одлуката за следење да ја носи надлежно правосудно тело; да бидат почитувани правата на граѓаните и тие да бидат правовремено известени за следењето на нивните комуникации; користењето на следењето на комуникациите да биде транспарентно и подложно на јавен надзор; да се обезбеди интегритетот на комуникациите и системите; да се обезбедат заштитни средства во меѓународната соработка; како и да има заштита од незаконски пристап кон комуникациите.

За да се зајакне довербата на граѓаните во државните институции, а истовремено да се обезбеди нивно демократско функционирање, во Македонија задолжително треба да се воспостават механизми за цивилна контрола и отчетност на државните служби што имаат овластување и поседуваат опрема за следење и надзор на комуникациите на интернет. Приватноста е основно човеково право загарантирано со Уставот на РМ и заштитата на личните податоци мора да се подигне на највисоко ниво од сите релевантни чинители во општеството: државниот, бизнис и невладиниот сектор.

На 20 септември 2013 година, група организации на граѓанското општество од различни држави, официјално ги претстави тринаесетте принципи, на настан што се одржа на маргините на 24-тата седница на Советот за човекови права на ОН. На настанот присуствуваа: Нави Пилеј (Navi Pillay), Висок комесар за човекови права на ОН и Френк Лару (Frank LaRue), специјалниот известувач на ОН за слободата на изразување и мислење, како и претставници на „Приваси интернешнал“ (Privacy International), Фондацијата „Електроник фронтиер“ (Electronic Frontier Foundation), „Аксес“ (Access), „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch), „Репортери без граници“ (Reporters Without Borders), Асоцијацијата за прогресивни комуникации (Association for Progressive Communications), и „Центарот за демократија и Технологија“ Center for Democracy and Technology). Официјални домаќини беа Постојаните мисии во ОН на Австрија, Германија, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија и Унгарија.

Нави Пилеј, Високиот комесар за човекови права на ОН, во воведното обраќање до Советот за човекови права, на отварањето на сесијата на 9 септември, рече: „Законите и политиките мора да бидат прилагодени за да одговорат на можноста за драстично нарушување на приватноста на индивидуите, што ја овозможуваат современите комуникациски технологии“.

Френк Лару, Специјалниот известувач на ОН за слободата на изразување и мислење, во својот последен извештај до Советот за човекови права, јасно ја оцрта директната врска помеѓу надзорот што го вршат државите, приватноста и слободата на изразувањето: „Правото на приватност често се смета за основен предуслов за остварување на слободата на изразувањето. Непотребното мешање во приватноста на индивидуите може да доведе до директни или индиректни ограничувања на слободниот развој и размена на идеи. …Повредата на едно право може да биде и причина и последица од нарушувањето на друго право“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.