Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лабина Митевска: Изи и Томи како не ви е срам

0
By Нова ТВ on September 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 23, 2013 11:42

Директорката на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“, Лабина Митевска, преку писмо до јавноста зборува за одлуката на комисијата годинава Македонија да нема свој кандидат за „Оскар“ во категоријата за најдобар странски филм. Писмото ви го пренесуваме во целост:

„Јавно прашувате, па јавно да ви одговорам. Моето мислење и основен критериум по кој се раководев при донесувањето на одлуката е дека ниту еден од двата понудени филма не би имале шанса во трката за Оскари затоа што немаат никаква фестивалска историја, немаат никаков одек во стручниот печат, освен во Македонија, немаат никакви осврти и рецензии во меѓународни списанија, ни позитивни, ни негативни, значи никаков интерес на филмската јавност и со самото тоа немаат шанси со конкуренцијата која доаѓа со признанија од реномирани фестивали и се филмови за кои се зборува.

На пример „Пред дождот”, прво победник на Венеција, потоа номинација за Оскар. Тоа што сте се решиле очигледно да градите промотивна кампања за вашиот филм со тоа што би му залепиле етикета кандидат за Оскар е промашена и погрешна стратегија, која вие само мислите би му помогнала на вашиот филм, но секако би ѝ одмогнала на репутацијата на македонската кинематографија ако нам треба да ни е единствен критериум тоа што ви е филмот единствен завршен продукт таа година. Толку за критериумите.

Како што веќе ви одговори Тозија, дајте му шанса на филмот, може ќе ни донесете некоја палма или лавче, па тогаш и Оскарот би бил опција. Вака, обратно сте ги свртеле работите. А ова и ви е сигурно добро познато, ама сепак сте се решиле да ви овозможиме да ја добиете налепницата кандидат за Оскар. Прво треба да ја заслужите, без оглед дали на мене или на Станко или Јанко од комисијата ни се допаѓа вашиот филм или не.

А сега поконкретно за она за кое ме прашувате. Не било мое да сметам или не дали „Јас сум од Титов Велес” требало да биде наш кандидат за Оскар таа година. Така одлучила комисијата. Што не ме прашавте дали сметам дека „Жената што си ги избриша солзите” заслужила кандидатура? И дали ме чувте јавно или приватно да реагирам по тој повод? Што се однесува до споредувањето, сепак да почекаме на кои фестивали ќе биде поканет и на кои фестивали ќе победи и ќе биде наградуван, на кои територии ќе биде продаден за кино и телевизиско прикажување и каков одек во светскиот професионален печат ќе има филмот „Соба со пијано”, за да ги компарираме двата проекти.

Да ви ја освежам меморијата или да ве информирам доколку не сте знаеле, „Јас сум од Титов Велес” отвори во Сараево, каде што доби специјална награда од жирито, па учествуваше во Торонто во конкуренција за награди во програмата Нови хоризонти, па како преседан за Берлинскиот фестивал беше поканет да учествува во конкуренцијата Панорама. Знаете, во Берлин, како и Кан, и сите поголеми фестивали, бараат светски премиери, но во овој случај направија исклучок од правилото. Филмот потоа играше и во Кан, во неофицијалната селекција АЦИД и доби крајно позитивна критика од престижниот Каје дСинема по повод започнувањето на редовната кинодистрибуција во Франција, која започнува со следниве зборови „скриен во програмата АЦИД е овој бисер на минатогодишниот Кански фестивал”. Ова е само втор македонски филм дистрибуиран во редовната киномрежа во Франција. Филмот доби преку 15 награди, две за фотографија, 5 за глума, 9 за најдобар филм, играше на преку 90 фестивали и беше продаден во 14 територии. Повелете, да почекаме, па јавете се за година дена да прашате дали требало да се прави споредба воопшто. Ама јавете се за година дена, за да дискутираме, за да резимираме, да заклучиме некои работи. Многу паушално, аматерски, зајадливо и кафански се води јавната дискусија за филм во Македонија, па на тоа ниво е и вашево прашање, и затоа ви предлагам да го професионализираме малку односот и да ја освежиме јавноста со релевантна професионална критичка дебата.

Еве си преземам за моја обврска за година дена да ве прашам како ви поминал филмот во овие неколку сегменти.

Ви честитав по премиерата, зарем би требало да ве оптоварувам со критики на таква вечер? Не би било ниту културно, ниту колегијално, како што вие се однесувате, па се обидувате да навредувате и да понижувате, сосема неосновано.

Како филмски професионалец од Македонија, член на Друштвото, и како директор на ИФФК Браќа Манаки, сметам дека имам обврска да се борам за промоција на македонската кинематографија. Свеченото отворање и затворање, по можност, се резервирани за нашите филмови, од кога сум јас директор. Тоа се свечени вечери со најмногу публика, медиуми, јавност и поради тоа мислам дека таа платформа мора да се искористи, да му се даде можност на македонскиот филм да биде презентиран. Искрено, не сте морале да ги прифатите моите убедувања и искрено, можеби е грешка што инсистирам секој наш филм да биде задолжително во конкуренција. Можеби не секој наш филм има фотографија што заслужува учество во конкуренцијата на овој толку вреден фестивал.

Пропагандистичкиот крај на вашето прво писание дека Македонија мора да има кандидат за Оскар е празен популистички трик, кој ја открива вашата намера. Нашето Друштво има пред сè обврска да негува и да промовира врвни уметнички вредности, а не сè што ќе се сними во Македонија. Веројатно сомневајќи се во реалните вредности на вашиот продукт се обидовте да ѝ ја „олесните” работата на комисијата со навремена елиминација на конкуренцијата со инсистирање на административни пропусти и формалности. И кога комисијата, за жал, се реши дека ниту двата филма немаат никакви реални шанси да го привлечат вниманието на Американската академија и дека трошењето десетици илјади долари би било залудно, настапивте, најитно, со подготвена кампања. Прво го именувате и го ставате на тапет претседателот на здружението, а потоа атакувате поединечно на членовите на комисијата со долни и ниски дисквалификации. Ниту ви личи како на културни дејци, ниту професионалци, ниту колеги, ниту еснаф, воопшто да не споменувам некакви пријателски односи, кои очигледно биле само моја илузија. Прилично долно, уличарски настапувате, а да не зборуваме и колку неблагодарно.

Е, колеги, професионалци, уметници, креативци, со толку злоба и подмолност не се оди напред.

Конечно, пред македонската јавност го скандализиравте работењето на вашето здружение, на вашиот еснаф, а можевте културно да побарате воспоставување јасни и цврсти критериуми и тоа повторно, пред сè пред членството на вашето здружение, а не пред јавноста, прескокнувајќи неколку основни правила на фино домашно и професионално однесување.

„Ништо не може да го симне срамот што оваа група им го нанесе на културата и на филмот и затоа сакам да им поставам неколку прашања?” – изјавивте на пресот. Чиниш за Годар, Трифо, Тарковски се работи, па неговото име е гаранција за Оскар, ама бирократски злобници, идеолошки непријатели и завидливи колеги сакаат да му напакостат. Која ароганција?! Не верувам дека врвни уметници би негувале такви параноични стравови, тие не би биле толку ниски и валкани. Е па, запрашајте се, Изи и Томи, како не ви е срам да делите квалификации и да омаловажувате колеги само затоа што вашиот филм не беше одбран за македонски претставник за Оскар. Погледнете се во огледало и запрашајте се – чиј е срамот?“

Лабина Митевска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.