Децата кои имаат симптоми на настинка, вирус или грип не треба да доаѓаат на училиште барем една недела, исто како и децата во градинките. Ова е препорака на Министерството за здравтство до наставниците и родителите за сезоната на вируси и грипови која е пред нас. Учениците пак, кога ќе забележат вакви симптоми кај своите другарчиња треба да пријават кај наставниците.
-Ова не е наредба, туку препорака која треба да се применува есенскиот и зимскиот период за да се е избегне ширење на вирусните инфекции изјави Јованка Костовска раководител на Сектор за примарна здравствена заштита во Министертвото за здравство.
За заштита од вирусот на грип годинава ќе бидат набавени 30 000 вакцини во Центрите за јавно здравје, од производителот Глаксо Смит Клајн, а вакцината ќе чини 400 денари.
Се препорачува да се вакцинираат сите ризични групи, хронично болните, старите лица и луѓето со професионална изложеност на заразни болести.
Вакцинацијата ќе започне од средината на октомври. Во Европа веќе се регистрирани првите 13 случаи на грип, од кои 11 се заразани со Х1Н1. Годинава ќе домира вирусот од тип А, а во 20 проценти грип од тип Б.
Костовска нагласи дека во Македонија има само еден заболен од болеста Западен Нил иако е можно при крајот на септември да се јават нови случаи. Годинава оваа болест ги тресе Србија и Хрватска со голем број на заболени и смртни случаи.