Скандалите на Зоран Заев со јавните набавки во Струмица продолжуваат, објави ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Огромна јавна набавка била склучена со фирмата Јавор-Шпед тогаш во сопственост на Горан Крстев, а сега во сопственост на неговиот татко Симеон Крстев.
Како што објави ВМРО – ДПМНЕ, фирмата Јавор-Шпед ДООЕЛ на ден 10.10.2008 година склучува договор за јавна набавка со Општина Струмица во вкупна вредност од 18.234.587 денари во периодот кога Горан Крстев е сопственик на оваа фирма.
– Горан Крстев, покрај тоа што во Струмица е познат како личен пријател на Зоран Заев, е и бизнис партнер и ортак на братот на Зоран Заев, Вице Заев во фирмата “Сара Јавор Инжинеринг ДОО Струмица“, за што на една од претходните прес конференции и ве информиравме. Тие се капитално поврзани со семејството Заеви. Имаат заеднички фирми.
Фирмата која ја добила оваа набавка се вика Јавор-Шпед, а заедничката фирма со Вице Заев се вика Сара Јавор Инжинеринг ДОО Струмица“.

– Оваа јавна набавка не е дадена на фирма на братот на Зоран Заев, но е дадена на фирма на неговиот ортак. Провидно и наивно. Сега сите ние треба да веруваме дека се е чисто. Нивните бизнис и приватни релации датираат од многу одамна. Како што пренесуваа медиумите, Горан Крстев е еден од луѓето чија што фирма го градеше трговскиот центар Глобал. Стар партнер на Зоран Заев, објави владеачката ВМРО – ДПМНЕ.




