Published: Monday, September 23, 2013 17:36
Шведскиот текстилен гигант H&М засега нема план за отворање на свои дуќани во Македонија.
Во врска со најавите во некои медиуми дека овој познат трговски синџир отвара свој дуќан во центарот на Скопје, од седиштето на компанијата во Стокхолм за НОВА изјавија дека станува збор за шпекулација.
“Во овој момент тоа е шпекулација. Прерано е да се коментира или најавува идно отварање” изјавија од прес службата на H&M.
H&M има дуќани во 43 земји во светот и вработува 94.000 лица.




