Наредните недели ќе се одржи нова рудна разговри за името во Њујорк. Ова како што пренесува Курир го најавил портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Мартин Несирки
– Господинот Нимиц планира да ги свика претставниците на двете страни повторно во Њујорк во неделите што доаѓаат. Генералниот секретар искрено се надева дека овие разговори ќе отворат пат за посериозни преговори и да се најде взаемно прифатливо решение за спорот со името, изјави Несирки.
Генерално земено, додава тој, решение за разликите за името ќе биде во интерес на двете страни, како и на целиот балкански регион, пренесува Курир.
– Метју Нимиц, како личен претставник на генералниот секретар го посети регионот на почетокот на месецов и се виде со високи владини претставници да ги побара нивни ставови за неговиот последен предлог и со цел да ги намали разликите и да бара натамошно приближување на ставовите, изјави Несирки.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки мун вчера во Њујорк се сретна со шефот на грчката делегација, министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос а денска имаше разговори и со комесарот за проширување Штефан Филе.




