Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛГБТ Јунајтед: Милетиќ навредува и дискриминира

0
By Нова ТВ on September 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 24, 2013 09:15

Женска Алијанса и ЛГБТ Јунајтед најостро го осудуваат говорот на омраза на пратеникот Драгиша Милетиќ од СНСМ на вчерашната собраниска седница каде се дискутираше за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставно дефинирање на бракот како заедница помеѓу маж и жена. Неговиот коментар го сметаме за навредлив и дискриминирачки за цела една група граѓани и повреда на нивното достоинство и еднаквост загарантирана со Уставот на Република Македонија, домашните закони, меѓународното право, Универзалната декларација за човекови права и Европската конвенција за човекови права.

Дефинирањето на хомосексуалноста како болест и исмевањето на ЛГБТИ луѓето е неприфатливо во едно демократско општество и земја со кандидатски статус за членство во Европската Унија, а воедно и спротивно на одредбите на Светската Здравствена Организација, Американската психијатриска асоцијација, Лекарската комора на Република Македонија и Македонската психијатриска асоцијација.

Го потсетуваме г-динот Милетиќ дека во моментот во Белград е во тек Неделата на гордоста и тамошната влада во чиј состав е СНС ја поддржува манифестацијата. Во рамките на програмата, во сабота ќе се одржи традиционалната прошетка, попозната како прајд, на која ќе присуствуваат високи претставници од српската влада и дипломатскиот кор. Од тие причини го советуваме пратеникот да ги обнови своите информации и да ги провери ставовите на неговата матична партија во врска со промоцијата и заштитата на човековите права на ЛГБТИ луѓето.

Во оваа прилика уште еднаш апелираме до сите политички чинители да се воздржат од изнесување класификации за ЛГБТИ луѓето и користење на истите за меѓупартиски препукувања. Исто така, го повикуваме претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација, Душко Миновски, како надлежни за информирање на јавноста со случаите на дискриминација и преземањето активности за промоција и едукација на еднаквост, човекови права и недискриминација, врз основа на сознанијата да поведе истрага за настанот во Собранието каде беше извршена дискриминација на група граѓани врз основа на сексуална ориентација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.