Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија: Даночната управа го гаси независниот портал „Јужне вести“

0
By Нова ТВ on August 13, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 13, 2018 12:36

Текст на Јужне вести, Србија

Иако ни по интензивната шестмесечна контрола во работењето на Јужне вести, не беше пронајден ниту еден прекршок, повикувајќи се на уредба која се однесува исклучиво на јавниот сектор, даночните инспектори утврдија дека Јужне вести наводно должи милионски износ. Министерството за финансии покрена процедура за принудна наплата и пред конечната одлука на судот.

Во исцрпниот извештај за контролата, сочинет од 101 страница, даночните инспектори Јасна Вуличевиќ и Ивана Антонијевиќ навеле дека Јужне вести од своето основање не направиле ниту една грешна во своето работење.

Сепак, толкувајќи го Законот за информирање, притоа не наведувајќи точно кој негов дел, тие заклучиле дека главниот и одговорен уредник мора да биде во работен однос со медиумот кој го уредува, а уредникот на Јужне вести Предраг Благојевиќ нема работен однос во тој медиум.

Образложувајќи го својот став, инспекторките се повикале на Уредба на Владата на Србија наречена „Каталог на работни места во јавните служби и други организации во јавниот сектор“.

На основа на прецизниот список на обврски на главниот уредник на државните медиуми, инспекторките заклучиле дека сето тоа мора да го прави и уредникот на приватните медиуми.

Државата би сакала „легално“ да ги контролира медиумите

Повикувањето на Даночната управа, која е дел од Министерството за финансии, односно Владата на Србија, на Уредба со која се дефинираат работните места во јавниот сектор и нејзината примена и на приватните медиуми е многу опасна работа, смета Предраг Благојевиќ.

Со тоа, додава, државата на мала врата се обидува да најде легален начин да контролира кој може да биде уредник, но и новинар.

– Во истиот член на таа Уредба се дефинирани и условите кои уредникот мора да ги исполнува, а веднаш во следниот и кој може да биде новинар. Што ги спречува утре да кажат „ти не можеш да бидеш уредник, не ги исполнуваш условите“? Не сум правник и ми звучи нелогично прописите за јавниот сектор да може да се применат и на приватните медиуми. Но, ете, ќе видиме дали навистина може – вели Благојевиќ.

На основа на наведениот заклучок на инспекторките, Даночната управа пресметала дека Јужне вести мораат да платат даноци и допринеси за главниот уредник од основањето на тој медиум во 2010 година, што со пресметани камати претставува милионска сума.

Бидејќи во многу кратки рокови ги одбија сите жалби за својата работа, не чекајќи одлука на судот по жалбата на Јужне вести, Даночната управа покрена процедура за принудна наплата.

За необичната ажурност на државниот орган зборува и фактот дека Даночната управа за жалбите на Јужне вести одлучила за еден ден. Така, на пример, барањето од 21 јуни упатено до Даночната управа за принудна наплата на милионска сума да се одложи до одлуката на судот, е одбиено веќе следниот ден.

Повеќекратно зголемување на даночните обврски и долгови

За нелогичностите во заклучоците на даночните инспектори, зборува и податокот дека сите наводни даночни долгови за плата на главниот уредник на Јужне вести се пресметани како Предраг Благојевиќ дневно да работи по 16 часа, односно дека работи две работи со полно работно време.

Имено, иако и во самиот записник за контролата на Јужне вести, навеле дека Блогојевиќ веќе 18 години уредно ги плаќа сите даноци и допринеси за полно работно време во своја приватна фирма, инспекторите наводниот даночен долг на Јужне вести го пресметале како Благојевиќ и во тој медиум да работи по 8 часа дневно.

За вака пресметаните долгови и камати за периодот од речиси 10 години, даночните инспектори утврдиле наводен повеќемилионски долг на Јужне вести. Адвокатот на нишкиот портал во овој предмет Бошко Ристиќ, барајќи да се одложи принудната наплата до конечната одлука на судот, во жалба до Управниот суд наведе дека инсистирањето на Даночната управа долгот да се напрати што порано, би ја загрозило работата на Јужне вести, па дури би можело да доведе и до нивно гасење.

Испробан рецепт за гасење на медиуми?

Пред помалку од година дена, токму по константниот притисок на Даночната управа, после 23 години работење е угасен еден од најнаградуваните медиуми во Србија, неделникот Врањске новине.

Овој медиуми, најпрвин беше во немилост на градската администрација со која раководи Српската напредна странка, пред се така што на тој медиум долго не беа исплатени пари од градскиот буџет наменет за јавно информирање, додека на провладините медиуми им се исплаќаа милионски суми.

Откако Врањске ја побараа правдата на суд, во редакцијата една по друга пристигнуваа разни инспекции. Катанецот на Врањски е ставен во средината на септември 20017 година.

ЕУ: Несразмерно користење на инспекција

На сомнежот дека инспекциите се користат како инструмент за дисциплинирање на медиумите, укажа и извештајот на Европската Унија за Србија.

Имено, полугодишниот извештај на Европската комисија за преглед на состојбата во поглавјата 23 и 24 за пристап на Србија во ЕУ, наведено е дека бројни претставници на медиумите изнеле „тврдење дека фискалната инспекција несразмерно се користи како би се вршел економски притисок на медиумските куќи“.

Дали надлежните институции по ваквите наводи на новинарите ја провериле работата на Даночната управа никогаш не е соопштено.

 

*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.