Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ:Сомнителни 60 милиони евра во анекси за Скопје 2014

0
By Нова ТВ on September 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 24, 2013 15:20


СДСМ на прес конференција на плоштадот Карпошово востание обвини дека анексите на договорите за новите згради од проектот Скопје 2014 во износ од 60 милиони евра се сомнителни и нетранспарентни. Ви го пренесуваме текстот од прес конференцијата интегрално.

-Со сомнителни јавни набавки и тајни анекс-договори се крие вистината од јавноста за кои потреби и на кој начин се трошат милиони евра, пари на граѓаните. Кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање, нема разлика помеѓу централната и локалната власт.
Изградба на комплексот „Карпошово Востание“ во центарот на Скопје е уште еден, нов скандал поврзан со проектот Скопје 2014.

Од оваа документација јасно се гледа дека првично склучениот договор за изградба на комплексот, во висина од 5 милиона евра е надграден и проширен со анекс на договор, за непредвидени дополнителни работи во висина од 1,5 милиони евра. Дополнително, со истата фирма, „Бетон“ од Скопје, склучен е договор за партерно уредување на комплексот во висина од 850 илјади евра.

Постапката за анексот на договорот е спроведена со преговарање, без објавување на оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, што ќе рече во четири очи.
Спроведувањето на јавните набавки на овој начин, со анекс договори, ја отвара можноста фирми блиски до власта да победуваат на тендерите а потоа дополнително да пумпаат милионски суми народни пари под превезот на „дополнителни непредвидени трошоци“.
Вакви примери има многу.

Музејот на ВМРО со дури 21 анекс договори ја зголеми цената за 10 милиони евра;
Стариот театар со дури 33 анекс договори ја зголеми цената за дури 30 милиони евра;
Зградата на Уставен суд со два анекс договори ја зголеми цената за 7 милиони евра;
Ако на овие милионски суми се додадат вредностите на анексите на договорите за Филхармонијата, Триумфалната капија, Агенцијата за електронски комуникации,
Археолошкиот музеј, реконструкцијата на Собранието на Република Македонија и секако анексот за темели на „Водовод“ се доаѓа до фантастични над 60 милиони евра.

Ваквите случаи покажуваат дека спроведувањето на сомнителни јавни набавки за трошење на парите на граѓаните е милионскиот скандал на ВМРО-ДПМНЕ кој расте и не запира.
Сите овие милионски суми можеа попродуктивно да се искористат. На пример, за автопат Штип – Скопје, за средно училиште во Аеродром и нов мост во Ѓорче Петров.

–

Господине Груевски, се одмотува клопчето. Бидејќи Вие јавно рековте дека стоите зад овој проект, јавноста ги очекува одговорите:
Што се крие зад вака спроведените јавни набавки? Дали на овој начин се испумпуваат милионски суми пари од граѓаните кои се слеваат во џебовите на партиски функционери на ВМРО – ДПМНЕ?

Тоа ли е причината што Јавното обвинителство се уште молчи за ревизорскиот извештај во кој се констатира незаконски потрошени 58 милиони евра за Скопје 2014?
Господине Груевски, ова се сериозни индиции за незаконски потрошени милиони евра народни пари. Јавноста очекува одговори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.