Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иднината на македонската јавност

0
By Нова ТВ on August 14, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 14, 2018 20:50

Летото веќе одамна престана да биде време во кое може да се видат деца како читаат лектири или стрипови во парковите и шеталиштата. Сега книгите се заменети со мобилните телефони и таблет компјутерите.

По неколку години, јавноста во Македонија ќе биде сочинета токму од тие современи деца кои дотогаш ќе станат полнолетни граѓани.

На оваа тема поразговарав со Јасмина Лукановска- дефектолог- арт- терапевт, од ПОУ Д-р Златан Сремец- Скопје.

Имате ли сознанија на која возраст децата во Македонија започнуваат да ги посетуваат информативните интернет портали?

Како родител на две тинејџерки можам да констатирам дека децата од многу мала возраст започнуваат да го користат интернетот првенствено барајќи содржини поврзани со училишните задачи како дополнителни информации во учењето. Но,во слободното време децата освен користењето на  социјалните мрежи многу време поминуваат на пребарување на интересни  клипови на Youtube поврзани со рециклирање на стари работи, облека, клипови поврзани за hand made, домаќинста. Се разбира музичките спотови и гледањето филмови се на прво место.Претпоставувам дека децата во Македонија  започнуваат да се интересираат за посета на информативните интернет портали веќе после 16 или 17 години.Сепак тука големо влијание има и семејствотои,т.е. колку родителите ги посетуваат овие портали и важноста во комуникацијата повразна за одредена проблематика што е актуелна во моментот.

На која возраст е во ред децата да почнат да ги посетуваат информативните портали?

Секогаш во семејството треба заедно да се дискутира и да се формираат ставовите поврзани со одредена тема,на која што ќе се дебатира со одредени факти,а со тоа ги поттикнувате децата заедно со своите родители да ги отворат информативните портали, да ги прочитаат пишаните теми за да можат потоа да го дооформат својот став,мислење или констатација.  Сепак  возрасната  граница за да децата почнат да ги посетуваат информативните портали  кај секое дете е различна. Таа треба да биде кога детето ќе е емоционално стабилно , доволно зрело за да донесува  правилни заклучоци и  одговорно за да се грижи и за последиците од своето однесување.

 Какви последици има кај децата модерната технологија?

Модерната технологија е дел од секојдневието на секој човек  па и на децата.  Таа е лесно достапна,интересна, сликовита,забавна, едукативна,но и многу опасна ако се користи неправилно и бесцелно.Во денешно време користењето на смарт телефоните, таблетите,компјутерите кај малите деца предизвикуваат големи проблеми  како во физичкиот, психичкиот така и во емоционалниот развој. Детето на  две годишна возраст наместо да игра со топка и да  ја развива координацијата око-рака- нога, да се дружи играјќи и да се развива натпреварувачкиот дух,тоа во рацете  го држи својот таблет, игра на играта (нервозно ) која е сигурно на англиски јазик, нервозно реагира и воопшто нема потреба од комуникација ниту со деца ниту со родителите.

Се почеста е глетката детето на 3 годишна возраст да нема развиено говор, да е срамежливо, нервозно и воопшто да нема потреба од комуникација со околината. Децата започнуваат да ги користат фразите од англискиот јазик бидејќи предолго ги гледаат своите омилени цртани филмови во репетиција , а родителите доаѓаат во констатација дека нивното дете наместо да го зборува мајчиниот јазик го користи англискиот јазик.

Лукановска упатува порака до родителите – Зборувањето се учи во семејството. Играјте со детето, слушајте ги нивните желби,потреби, гушкајте се,наградете го добро направеното дело. Сето ова ќе допринесе детето да се чувствува убаво, сакано, мотивирано,среќно,а резултатите потоа сами ќе се нижат.

Колку медиумите во Македонија имаат содржини кои се наменети и соодветни за децата?

Јас се сеќавам дека додека растев можеби немавме многу телевизиски канали,  но секој ден наутро имаше образовни програми поврзани со природата, животните, телевизиски серии за млади, фестивали за деца, квизови.За жал денес има многу телевизиски канали со утринска програма но тие не се наменети за децата, туку за проблемите во секојдневието во нашата држава. Така да децата се оставени да гледаат цртани филмови на друг јазик и воопшто не контролирана содржина на истите. Повеќе треба да се обрне внимание на интерактивни емисии каде што ќе се поттикнат децата да учествуваат во натпревари, игри без граници, квизови, покажи што знаеш, истражувачки елементи итн. Воопшто треба да се обрне внимание повеќе како во образовните така и во воспитните содржини. Сепак- железото се кова додека е жешко.

Дали младата публика во Македонија е медиумски писмена, дали знае да распознае што е лажна вест и манипулација?

Младите во Македонија се многу паметни,истражувачки расположени, па со задоволство знаат добро да прочепкаат секако ако нешто ги интересира и им е многу значајно, а сепак не се задоволни од одредена вест што ја слушнале и сомневаат во точноста на информацијата.

 

*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.