Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР ќе го истражува случајот со пациентката оперирана во Санте Плус

0
By Менче Атанасова Точи on August 16, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 16, 2018 16:48

МВР ќе го истражува случајот со Мирсада Џуџевиќ Керими која била оперирана во болницата Санте Плус во Скопје, по три неуспешни операции од кила во Санте Плус во Турција. Ова од полицијата го побарал Државниот санитарен и здравствен инспекторат во консултација со Министерството за здравство, потврдија од ДСЗИ.

Ваквата одлука ја донеле по вонредниот инспекциски надзор со кој утврдиле дека пациентката воопшто не е евидентирана дека се лекувала во болницата и покрај обемната документација што ја доставила во Инспекторатот, Владата и Министерството  за здравство. Во болницата тврделе дека воопшто не ја познаваат пациентката на која и била направена интервенцијата и според документацијата потпишана од хирург,  три месеци се лекувала таму од компликации и настанатата инфекција.

Мирсада Џуџевиќ Керими  заедно со целокупната  медицинска документација во институциите доставила и документ од МРВ во кој се потврдува дека во тој период не ја напуштала државата, бидејќи менаџментот на болницата тврди дека медицинската документација е превод од болницата во Турција. Ваквите небулозни објаснување, за документи со потписи од македонски лекари кои работат таму и лабораториски испитувања во наши лаборатории, направената операција со потпис од лекар од болницата, биле доволен повод за надлежните институции да ја алармираат МВР.

Случајот со Мирсада Џуџевиќ Керими кој го објави НОВА, цел месец е во институционалните лавиринти на Министерството за здравство. Иако, ДСЗИ веднаш постапи по барањето на пациентката, а од кабинетот на премиерот Заев побараа што е можно побрзо да се постапи, од ресорното Министерството немаше конкретни мерки.

Поместување е денешната одлука, случајот да се предаде во надлежност на МВР.

Поради неуспешните операции и интервенциите кои во Санте Плус во Скопје не признаваат дека ги направиле, Мирсада живее во страв дека ќе и излезат цревата од стомакот на која повеќе нема мускули, туку само тенок слој на кожа поради кои, како што вели, мора постојано да носи дебел и тврдо стегнат појас кој и ги држи цревата да не излезат.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.